Спорт
Ѓоковиќ за Топспорт: Во финалето ќе го дадам максимумот
Пред неделното финале на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ одговори и на прашањето на известувачот на Топспорт од Вимблдон, кој го праша дали во моментов може да визуализира што го очекува против Алкарас? Алкарас по завршување на мечот со Медведев изјави дека недела е ден за играње тенис, и дека не се плаши од никого. Исто така, и вимбдонската публиката јасно се стави на негова страна, буквално носејќи го по теренот во последниот поен со извиците „Оле, оле!“.
„Можам без проблеми да визуализирам што ме очекува, и тоа ќе го направам. Ќе се подготвам и ментално и играчки и физички за голема борба. Тоа ќе биде дефинитивно најтежок меч на овој турнир. Најзахтевен меч, бидејќи тој е во извонредна форма. Број еден и број два на светот играат еден против друг . Го имавме тој висок квалитет на тенис и тежок меч во Париз. Знаеме како тоа се заврши. Јас ќе се потрудам уште од почетокот на мечот да бидам на својот максимум и, практично, да дадам сè што имам, и што ми останало во резервоарот. Ако не дадеш сè од себе во финалето на Вимблдон, не знам кога ќе дадеш – изјави Ѓоковиќ.
Ненад Живановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дани Алвес го изгуби судскиот спор со клубот, ќе мора да плати милионска оштета

Судот за спортска арбитража (CAS) пресуди во корист на мексиканскиот тим Пумас УНАМ во нивниот правен спор со Дани Алвес. На почетокот на 2023 година, Пумас го отпушти бразилскиот дефанзивец поради обвинение за сексуална злоупотреба со кое се соочуваше во Шпанија. Клубот го раскина неговиот договор, а во мај 2024 година започна судска постапка за добивање отштета од играчот.
Алвес пристигна во Мексико од Барселона во јули 2022 година, но во јануари 2023 година беше обвинет за силување девојка во тоалетот на ноќен клуб во Барселона. Откако првично беше осуден на четири и пол години затвор, Алвес беше ослободен од Апелациониот суд во март оваа година. Шпанското обвинителство поднесе жалба до Врховниот суд против поништувањето на пресудата за силување.
Алвес играше за Пумас само шест месеци, а клубот побара отштета за штетата што фудбалерот му ја направил на клубот.
Бразилскиот фудбалер, од друга страна, го тужеше клубот до ФИФА, тврдејќи дека Пумас еднострано и неоправдано го раскинал неговиот договор. Тој побара финансиска отштета за остатокот од договорот, тврдејќи дека неговите договорни права биле прекршени.
CAS пресуди во корист на клубот, потврдувајќи дека Пумас УНАМ постапил во рамките на своите права кога го раскинал договорот на играчот откако бил уапсен во Шпанија.
Точната сума што Алвес мора да му ја плати на Пумас не е објавена, но се шпекулира дека е помеѓу два и пет милиони долари.
Алвес, поранешен бразилски репрезентативец, играл за Баија, Севилја, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Сао Паоло и Пумас УНАМ. Во текот на својата кариера, тој освои 43 трофеи. Само Лионел Меси освои повеќе трофеи во кариерата, вкупно 46.
Foto/ EPA
Спорт
Меси и Мајами постигнаа договор

Аргентинецот Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата во Мајами, објавува ESPN.
Нов повеќегодишен договор е подготвен за еден од најдобрите играчи на сите времиња. За клубот клубот од Флорида, Меси игра од 2023 година, кога помина „преку барата“ по брилијантната европска кариера.
„Останува двете страни да се договорат за уште некои детали пред да го потпишат новиот договор“, тврди ESPN.
По оваа вест, шпекулациите дека славниот Аргентинец ќе се пресели во друга земја, во друг клуб, паднаа „во вода“, а повеќе од плодната соработка што носи огромни придобивки за двете страни, на и надвор од теренот, продолжува.
Да се потсетиме дека Меси потпиша за Мајами во јули 2023 година, а потоа отвори нова страница од својата неверојатна кариера. Тогаш потпиша договор на две и пол години, до крајот на 2025 година.
Во претходната сезона, Аргентинецот одигра 36 натпревари и постигна 28 гола, и имаше 14 асистенции во сите натпреварувања.
Тој е моментално најдобриот стрелец на тимот.
Foto/ EPA
Спорт
ФИФА-листа: Македонија е на 63. место

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.
Македонија се наоѓа на 63-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од една позиција.
Фудбалската репрезентација на Македонија, на почетокот на овој месец загуби од Саудиска Арабија (2:1) во пријателски натпревар и го победи Лихтенштајн (5:0), о квалификациите за пласман на СП.
Пред Македонија, меѓу другте на листата се Јордан, Република Ирска, ДР Конго, Саудиска Арабија, Ирак, Чиле, Мали, Јужна Африка…
На новата ранг листата на ФИФА има промени на врвот. Аргентина повеќе не е број 1, „гаучосите“сега се на третата поцизија. Нов лидер е Шпанија, пред Франција, додека Англија ја задржа четвртата позиција.
Португалија напредуваше за едно место и моментално е петта репрезентација во светот. Бразил падна на шестото место, по што следат Холандија и Белгија.
Хрватската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман за едно место и сега е деветта на ранг-листата на ФИФА, додека италијанската репрезентација е на десеттата позиција.
Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 23 октомври.
Foto/ ffm.mk