Спорт
Голем проблем за Лејкерси, се повреди Леброн Џејмс

Најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс ќе паузира неколку недели поради повреда на десното стапало, пренесува новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски. Долгата пауза за „Кралот Џејмс“ практично значи крај на и онака многу „тенките“ плејоф амбиции на ЛА Лејкерс.
Џејмс се повреди во победата на неговиот тим над Далас Маверикс пред два дена. Лејкерси славеа во Далас и покрај тоа што во втората четвртина губеа со 27 поени.
Лејкерси моментално се наоѓаат на 12. место во поредокот на Западната конференција со скор од 29-32, но се на само една победа од 10. место кое води во плеј-офот.
Лејкерси ги очекуваат големи предизвици во наредниот период, бидејќи имаат поразителен скор од 36-62 кога играат без Леброн, откако тој пристигна во Лос Анџелес во 2018 година. Оваа сезона, првиот пик од драфтот во 2003 година пропушти 14 натпревари, а Лејкерси без него забележаа само пет победи.
Сезонава Леброн Џејмс има просек од 29,5 поени, 8,4 скока и 6,9 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Федерер избра петмина тенисери, имале големо влијание врз неговата кариера

Роџер Федерер, еден од членовите на „Големата тројка“, најуспешната генерација во историјата, ги избра петте најдобри тенисери според својот вкус. Швајцарецот беше гостин во подкастот на нигерискиот пејач, Берн Бој.
Федерер издвои пет тенисери, но не ги рангираше. Ги издвои поради важноста што ја имаа врз него, како и влијанието што го имаа врз него додека растеше. Може да се каже дека ги наведе по хронолошки редослед, а не според квалитетот.
„Ми требаше некој на кого ќе се угледувам кога бев млад. За мене тоа беше Стефан Едберг“. Швеѓанецот во еден период му беше тренер на Федерер.
„Тој секогаш ја напаѓаше мрежата и сакав да играм како него. Тука е и Борис Бекер. Кога играа еден против друг, секогаш ги гледав“.
И Едберг и Бекер играа сервис-волеј, што беше токму стилот на Федерер на почетокот на неговата кариера. Потоа го смени тоа и играше така само понекогаш.
Потоа Федерер наведе уште три имиња.
„Пит Сампрас е следен, а потоа секако Надал и можеби Ѓоковиќ. Се сеќаваш ли на него?“, разговорот целосно се претвори во шега во тој момент.
Кога Берн Бој го прашаа кои се неговите најдобри фудбалери, Роџер избра.
„Марадона, Зидан, Тиери Анри беа моите омилени играчи кога растев. Денес не можете да ги прескокнете Меси и Роналдо. Тие ги рушат сите рекорди“.
Спорт
Гвардиола влезе во историјата на Премиер лигата
Фудбалерите на Манчестер Сити едвај го победија Брентфорд во седмото коло од Премиер лигата (1:0) со голот на Ерлинг Халанд. Со оваа победа Пеп Гвардиола, постави нов тренерски рекорд во Премиер лигата.
Гвардиола стана тренер кој најбрзо во историјата на Премиер лигата стигнал до 250 победи. За 250-та победа во Премиер лигата, на Гвардиола му беа потребни 349 натпревари на клупата на „граѓаните“.
New record 🆕
No manager has reached 250 Premier League wins quicker than Pep Guardiola 🩵 pic.twitter.com/gaZaJtIFIG
— Premier League (@premierleague) October 5, 2025
Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен, го сруши рекордот на Алекс Фергусон. Легендарниот тренер на вечниот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед, го достигна споменатиот резултат во 404-тиот натпревар, додека на поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, му беа потребни 423 натпревари за да ја забележи истата бројка.
Гвардиола со Сити освои шест титули во англискиот шампионат, една во Лигата на шампионите. Освои и девет трофеи во трите преостанати англиски фудбалски натпреварувања.
Спорт
(Видео) Навивачите на Барса се огорчени од Левандовски: Испратете го во Саудиска Арабија

Барселона, вчера доживеа дебакл на гостувањето во Севиља (4:1). Навивачите го најдоа виновникот за поразот во Роберт Левандовски.
Освен поразот, уште позагрижувачки е слабиот настап на тимот на Ханси Флик, кој на крајот може да биде среќен што примил само четири гола.
Левандовски, имаше шанса да го сврти моментумот,но промаши пенал во 76-та минута за 2:2. Полјакот ужасно шутираше, ја испрати топката крај голот.
Lewandowski’s penalty, imagine someone saying penalties are easy to score, respect Kylian !
— Miss ADEL🦋🦚🌹 (@a_derll) October 5, 2025
Многу навивачи веруваат дека полскиот ветеран е далеку од формата од својата прва сезона во Барселона и дека клубот мора итно да реагира ако сака да остане во трката за титулата:
„Да се изведе пенал по толку ужасна игра е кривично дело“;
„Техниката на Лева при изведувањето на пеналот е веројатно најлошата што сум ја видел“;
„Тим со сериозна длабочина во ростерот воопшто не би го играл Левандовски“;
„Ве молам, не знам како ќе ги најдеме пари, но ни треба нов напаѓач“;
„Левандовски треба да биде испратен во Саудиска Арабија следната сезона“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Минатата сезона, Левандовски постигна 42 гола на 52 натпревари за Барса, од кои 27 на 34 во Ла Лига.
Оваа сезона, тој моментално има четири гола на девет натпревари, а ги постигна сите четири во првенството.
Во следното коло, по репрезентативната пауза, Барселона го пречекува каталонскиот ривал Џирона.
Foto/ EPA