Спорт
Голема победа против Ерменките: Македонија по 23 години се врати во Втората европска зона на „Били Џин Кинг“ купот

Женската тениска репрезентација на Македонија по 23 години се врати во Втората европска зона на „Били Џин Кинг“ купот. Во финалето на Третата европска зона, Македонија ја победи Ерменија со 2:1 откако го доби решавачкиот меч во игра на двојки.
Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) славеа против ерменската двојка Марина Давитјан и Ирена Мурадјан.
Ерменките поведоа со 1:0 во финалето откако Ирена Мурадјан го доби првиот меч против Магдалена Стоилковска со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:0). Возврати експресно Лина Ѓорческа со победата од 6:0, 6:0, без загубен гем, против Марина Давитјан.
Фото: Игор Паневски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Торино сака да го откупи договорот на Елмас

Елиф Елмас, во јануари од Лајпциг се пресели на позајмица во Торино, одигра три натпревари постигна два глола со што ги натера првиот човек на клубот, Урбано Каиро да му наложи на спортскиот сектор да ги започне преговрите со Германците за откуп на договорот на македонскиот репрезентативец.
Елмас, во јануари 2024 година од Наполи се пресели во Лајпциг, за 24 милиони евра, но не успеа да ја стекне довербата на тренерот Марко Росе. Во есенскиот дел од сезоната одигра само 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите.
Незадоволен од статусот побара клубот на позајмица, го одбра Торино и не згреши.
Кога потпиша за Торино, клубот доби опција по завршувањето на сезоната да го откупи од Лајпциг за 17 милиони евра.
Спортскиот сектор на „биковите“ ќе ги стартува преговорите со Лајпциг и ќе се обиде да ја намали сумата која германскиот клуб ја бара како обесштетување.
Спорт
(Видео) Бриж се самоуништи, Астон Вила со една нога е во четвртфиналето

Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 3:1 на гостински терен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Белгискиот тим беше подобар на теренот, но откако не ги искористи своите шанси, се самоуништи во финишот со две грешки и практично им ја подари победата на гостите од Англија.
Мечот идеално започна за Астон Вила, во третата минута Бејли го отвори резултатот. Домаќинот експресно реагираше и девет минути подоцна де Кајпер го изеднач резултатот.
Талби во 32.минута имаше можнос да напраби пресврт, меѓутоа Мартинес го одбрани неговиот удар.
Во вториот дел уште две озвонредни шанси за Клуб Бриж. Ударот со глава на капитенот Ванакен заврши до стативата, а потоа Цолис од чиста позиција биеше високо над голот.
Казната за овие нереализирани шанси беше брутална. Искусниот Мехеле си постигна автогол во 82.минута, а шест минути подоцна Цолис наовно направи пенал кој го реализираше Асенсио.
Реваншот во Бирмингем се игра наредната среда.
Спорт
ФА откри што му кажал Слот на судијата Оливер

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) објави извештај за истрага во која се вклучени тренерот на Ливерпул Арне Слот и судијата Мајкл Оливер.
Оливер судеше на натпреварот Евертон-Ливерпул (2:2) на „Гудисон Парк“ на 12. февруари кога му покажа црвен картон на Арне Слот по натпреварот поради протест.
Слот беше суспендиран на два натпревари и казнет со 70.000 фунти. Истата казна ја заработи и неговиот прв помошник, кој доби парична казна од 7.000 фунти.
ФА, денеска објави што му рекол Слот на судијата Оливер по дуелот кој заврши 2:2, благодарение на голот на Џејмс Тарковски во осмата минута од судиското надополнување, иако натпреварот беше продолжен за пет минути.
„Се што судеше, судеше за нив. Се надевам дека си горд на својата работа. Ако не ја освоиме Премиер лигата, ти ќе бидеш е..но крив“, рекол тренерот на Ливерпул, според извештајот на ФА.
Слот одби да признае дека го кажал сето тоа и истакна дека е точно дека претерал со зборовите поради фрустрација, но не и дека ги употребил тие фрази.