Спорт
Голманот Едерсон ќе шутира пенали за Сити

Во моментите кога капитенот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне и голгетерот Серхио Агуеро се надвор од стројот поради повреди, а Илкај Гундоган против Ливерпул промаши удар од белата точка, се појавува нова опција кај „граѓаните“.
Се работи за голманот на екипата, Бразилецот Едерсон Мораеш кој е познат по „добрата нога“ што е голем адут во современиот фудбал.
„Едерсон прво мора да го спасува нашиот гол, па тогаш ќе видиме што ќе се случи. Сега кога Агуеро и Кевин ги нема, Едерсон е опција за пенали, секако. Изведувачот мора да има карактер“ изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Минатиот викенд Гундоган се посрамоти кога од белата точка топката ја испрати високо над голот на Бекер. Сепак тоа не им сметаше на „граѓаните“ со 4-1 да слават врз лутиот ривал.
Тоа беше дути трет промашен пенал за момците од Манчестер во само 3 години и тоа против истиот ривал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона победи во Севилја

Барселона ја победи Севилја на „Санчез Писхуан“ со 2.0, во дербито на 25.коло. Со овој триумф, Барселона се искачи на второто место на табелата, со два бода помалку и два натпревари повеќе од лидерот Атлетико Мадрид.
Лионел Меси, на кого судијата Хернандез Хернадез му „прогледа низ прсти“ и не во 44.минута не му го покажа вториот жолт картон, и пресуди на Севилја со асистенција и гол.
Првиот гол против индиспонираната Севилја го постигна Усман Дембеле во 29.минута. Конечниот резултат го постави Меси во 86.минута. Аргентинецот го постигна 19 гол во Ла Лига оваа сезона.
Спорт
Домаќините немилосрдни во Бундес лигата

Домаќините не им препуштија ниту еден бод на гостите во првите четири натпревари, одиграни во рамките на 23.коло во Бундес лигата. „Птерди“ во головите на Келн и Шалке, пукнаа Баерн Минхен и Штутгарт, Борусија Дортмунд за едно полувреме ја прегази Арминија Билефелд, а Волфсбург, со играч помалку, ја победи Херта.
Баерн без проблеми се справи со Келн. По два гола постигаа Левандовски и Гнабри, а еден Чупо Мотинг, во победата од 5:1. Тунижанецот Скири беше стрелец на единствениот гол за Келн.
Штутгарт одиграа ефикасен натпревар против отпишаниот Шалке. Ендо ги постигна првите два гола за „швабите“, а потоа погодија и Калјџиќ, Клеман и Дидави. Стрелец за Шалке беше Колашинац, а Белараби промаши пенал.
Борусија Дортмунд, во второто полувреме ги постигна трите гола со кои ја победи Арминија. Дахуд, Санчо од пенал и играчот на Реал кој е позајмен во Дортмунд, Рениер беа стрелци.
Волфсбург со авто-голот на Клингер и голот на Лакроа ја победи Херта.
Спорт
Гвардиола победи 200.пат како тренер на Сити и 500. пат во кариерата

Манчестер сити го совлада Вест Хем со 2:1, а Пеп Гвардиола забележа три јубилеји. Сити ја забележаа 20 последовна победа, а Гвардиола ја запиша 200 победа како тренер на овој клуб и 500 победа во кариерата.
Сити маршираат кон шампионската титула, на врвот, со натпревар повеќе имаат 13 бода повеќе од Манчестер јунајтед и Лестер.
„Беше ова тежок натпревар, Вест Хем се физички силни. По 10-15 минути ни стана јасно дека нема да биде лесно. Во вториот дел бевме подобри. Но кога играте многу натпревари, нормално е некогаш да биде вака. Имавме среќа што победивме. Математиката ќе биде најважна на крајот од сезоната“, рекол Гвардиола.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер