Спорт
Голманот на Фиорентина го „честеше“ Милан
Италијанскиот првак Милан дојде до победа (2:1) над Фиорентина во последните мигови од натпреварот откако гостинскиот голман Пјетро Терачано имаше слаба реакција, а топката која удри во Никола Миленковиќ заврши во мрежата. Се играше втората минута од судиското продолжение кога гостите направија кобна грешка.
Рафаел Леао во втората минута донесе предност за „росонерите“, а израмни Антонин Барак во 28.минута.
Милан се искачи на второто место со 33 бода, осум помалку од Наполи, а по ова коло следи долга пауза во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Некој треба да му каже на Винисиус како треба да се однесува“
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, подоцна и спортски директор, Хорхе Валдано откри дека не му се допаѓа како Винисисус униор се однесува на теренот. Славниот Аргентинец смета дека однесувањето на Бразилецот не е во склад со неговиот рејтинг и статус во клубот.
Винисиус ја загуби контролата втор меч по ред. По натпреварот против Валенсија кога го нападна голманот Столе Димитревски и доби црвен картон, не можеше да се контролира и против Мајорка во полуфиналето на Суперкупот во Џеда.
Јасно е дека противниците сега го користат фактот што Винисиус има „краток фитил“, поради што го провоцираат повеќе од кој било друг играч на Реал. Спека иако е свесен за тактиката на противниците, тој не наоѓа начин да ги контролира емоциите на теренот.
Против Мајорка падна на провокациите нод десниот бек Пабло Мафео. Станува збор за играч кој деновите пред мечот рече „дека во бокс меч би го нокаутирал Винисиус за десет секунди“.
Валдано го дели ставот дека е крајно време Винисиус да почне да се однесува како прва ѕвезда на Реал Мадрид.
„Пред сè, Винисиус треба да го направи она што се очекува од една суперѕвезда, а тоа е да победува. Реал Мадрид му должи за многу голови и победи што им ги овозможи, повеќе отклку на било кој друг фудбалер од овој состав. Некој треба да му каже дека ова што му се случува им се случувло и на други ѕвезди на Реал. Пред него тоа го помина Кристијано Роналдо, пред нив Уго Санчез, а пред сите Алфредо ди Стефано… Зошто? Затоа што се најдобри“, изјави Валдано за шпанските медиуми.
Спорт
Артета има план како да собере пари за трансферот на Исак
Арсенал мора да донесе класична „деветка“ доколку сака да биде конкурентен во борбата за титулата во Премиер лигата.
Александер Исак е профил на напаѓач кој би се вклопил во системот на Микел Артета. проблем е што газдата Стен Кроенке нема намера да издвои пари за евентуалниот трансфер, кој не би требало да биде помал од 100 милиони евра.
Артета има план како да собере пари, прашање е само дали ќе успее да го направи тоа до крајот на преодниот рок.
Планот на менаџерот е да продаде тројца фудбалери за да го донесе Исак. Арсенал на продажба ќе стави играчите кои во пакет ги донесе од Манчестер сити, Габриел Жесус и Олександер Зинченко. На продажба е и поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Томас Парти. Арсенал нема да му понуди нов договор на фудбалерот чија неделна плата изнесува 200.000 фунти.
Александер Исак игра во голема форма, рпогласен е за најдобар играч во Премиер лигата во декември. Во моментот со 13 голови е четврти најдобра стрелец во Премиер лигата.
Спорт
Атлетико се огласи за случајот со Олмо: Правилата мора да бидат исти за сите
Шпанскиот фудбал изминатите две недели се занимаваше со сагата околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Се и сешто се случуваше, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација одбија да ги регистрираат фудбалерите, на крајот Високиот спортски совет (ЦСД) на општо изненадување пресуди во корист на Барселона. ЦСД издаде привремена дозвола за регистрација на фудбалерите, а конечната одлука ќе ја донесе во март.
Барселона доби право на жалба, што значи дека ќе биде донесена конечна одлука откако ќе се разгледа жалбата, а рокот за тоа е до три месеци.
Секако дека во Шпанија има многу незадоволни од оваа одлука, а со соопштение се огласи и Атлетико Мадрид.
„Спортскиот закон постои за да се заштити економската контрола со која Ла Лига го одржува редот. Ваквата одлука го доведува тоа во прашање. Досега тоа беше најсилната алатка на Ла Лига, онаа со која успеавме да бидеме успешни и да заработиме восхит на меѓународно ниво. „Нашиот клуб, како и сите клубови од Ла Лига до оваа одлука, ги почитува сите економски правила и ќе продолжиме да го правиме тоа“, стои во соопштението од Атлетико во кое понатаму се додава.
„Не само тоа, туку свесни сме дека мораме да ги зголемиме капиталните инвестиции доколку сакаме да напредуваме понатаму и тоа ќе го направиме и покрај сите проблеми што доаѓаат. Интервенцијата на Владата во овој случај направи опасен преседан бидејќи ја отвори вратата и другите да ги прекршат правилата и ги повторуваат грешките од минатото. Правилата мора да бидат исти за сите, инаку ова не е фер натпревар.”
Своето незадоволство од ваквата одлука го изразија и Лас Палмас и Атлетик Билбао.
Атлетико Мадрид и Барселона заедно со Реал Мадрид ќе се борат за шампионската титула во Шпанија во остатокот од сезоната.