Спорт
Голманот на Партизан со бизарна изјава: Силувајте ме ако не го освоиме Купот

Голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ даде невообичаена изјава пред мечот со неговиот поранешен клуб, Црвена звезда во финалето на Купот на Србија, каде што „црно-белите“ ќе се обидат да ја спречат тоталната доминација на лутите ривали.
„Соиграчите не треба да чувствуваат притисок, бидејќи последните години направија премногу и горд сум на нивните резултати. Што и да се случи утре, јас ќе бидам виновникот. На мојот грб нека паднат работите. Силувајте ме мене ако не го освоиме Купот. Сѐ оди на мене“, вели капитенот на Партизан.
Звезда стигна до рекордна титула во Србија без пораз и со 108 освоени поени, 13 поени повеќе од Партизан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Чолито и Израел ја срушија Рома на „Олимпико“

Фудбалерите на Торино ја победија Рома на „Олимпикo“ со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. „Биковите“ ја забележаа првата победа оваа сезона, воедно на Рома и го нанесоа првиот пораз по двете победи на стартот.
Стрелец на голот за „биковите“ беше Џовани „Чолито“ Симеоне, син на познатиот тренер на Атлетико, Диего.
Моментот на одлука се случи во 59-та минута кога Торино, по иницијативата на противникот, постигна гол во транзиција.
Симеоне повлече во контра, размени додавање со Нгонг, се позиционираше и откако доби прецизен пас од истиот играч, со хируршки прецизен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Миле Свилар.
Ci sono tipo sei errori in 30 secondi, poi quello fa il goal dell’anno dopo un anno di niente#RomaTorino#Simeone
— ApocaFede (@DrApocalypse) September 14, 2025
Кај Торино блескаше и голманот, Франко Израел, кој во надополнувањето на времето спречи израмнување по обидите на Писили, Суле и Ел Шарави, и дефинитивно го дели епитетот херој на натпреварот со Симеоне.
За Римјаните ова беше прв пораз против Торино во последните девет меѓусебни дуели, а воедно и прв пораз воопшто на домашен терен по 13 натпревари.
Голот што го постигна Симеоне е прв за „Биковите“ оваа сезона, по ремито со Фиорентина во претходното коло и дебаклот против Интер (0:5) во отворањето на сезоната.
Foto/ EPA
Спорт
Џон Тери: Навивам Ливерпул да ја освои титулата

Џон Тери, според многумина најголемата легенда во историјата на Челзи, ја изненади фудбалската јавност со изјавата дека сака Ливерпул, поради Диого Жота, да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона. Тери призна дека верува оти неговиот поранешен тим сè уште не е подготвен за таков потфат.
Поранешниот капитен на Челзи одигра 717 натпревари за клубот, постигнува 67 гола, пет пати ја освои Премиер лигата и еднаш Лигата на шампионите, заедно со бројни други титули.
Откако ја заврши кариерата кратко влезе во тренерските води како асистент, а потоа 44-годишниот Тери се врати во својот клуб во јули 2023 година како ментор на академијата и амбасадор на клубот, поради што сè уште е многу близок до првиот тим.
Токму затоа неговата изјава за „talkSPORT“, во која не го поддржува тимот на Енцо Мареска, предизвика чудење.
Тери го издвои Ливерпул, актуелниот шампион предводен од Арне Слот, како фаворит. Една од причините е реалниот поглед на моменталните можности на Челзи и желбата да не се врши притисок врз младиот тим.
Сепак, втората причина е многу потрогателна – Тери сака „Црвените“ да ја освојат титулата во чест на сеќавањето на поранешниот напаѓач на Ливерпул, Диого Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во јули.
„Мислам дека титулата е нивна, искрено. Мислам дека имаат огромна мотивација поради многу тажната загуба на Диого Жота. Само поради тоа, навистина се надевам дека Ливерпул ќе може да го стори тоа. Мислам дека тие се најсилниот тим. Манчестер Сити повторно покажа ранливост оваа сезона.“
Тери, исто така, се осврна на својот Челзи. „Не сум сигурен дека Челзи има доволно искуство во тимот за да дојде до крајот. Исто така не сакам да вршам притисок врз нив. Затоа мислам дека титулата му припаѓа на Ливерпул и, како што реков, им посакувам среќа во тоа“, додаде тој.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Џепчирчир светска шампионка во маратон, Поп Арсова претпоследна

Перез Џепчирчир од Кенија го освои златниот медал во маратонот на Светското првенство во атлетика во 2025 година.
Триесет и едногодишната атлетичарка патеката во Токио ја помина за 2 часа 24 минути и 43 секунди.
Маратонката од Кенија, во последните метри ја престигна Тигст Асефа од Етиопија (2,24.45). Бронзениот медал го освои Јулија Патернане од Уругвај (2,27.23).
За олимписката шампионка од на истото место во 2021 година ова е прва светска титула.
Уругвајката Петарнане е вистинска сензација. На ранг листата таа се наоѓа на 288-то место. Во целта не знаеше дека е трета, со што на Уругвај му го донесе првиот медал во историјата на Мундијалите.
„Обично за време на трката луѓето ви викаат: „На оваа позиција си, на оваа позиција си“. Но, тука сè беше на јапонски, па немав поим каде сум“, објасни Патернејн.
Три минути пред неа во борбата за златото, Џепчирчир ја победи Етиопјанката Тигст Асеф во возбудлив финиш. Поради големата временска разлика, Патернане на патеката на Националниот стадион влезе сосема сама.
„Кога влегов на паетката на стадионот, не видов жива душа“, призна таа. „Немав поим каде сум. Знаев дека сум некаде околу осмото место и бев премногу исплашена да се свртам затоа што не сакав никој да ме стигне. Се обидував да проверам кај службените лица дали тоа е навистина целта. Не се осмелив ни да помислам на медал. Во целосен шок сум.“
🇺🇾🤯 Ni ella lo podía creer.
Así fue la histórica llegada de Julia Paternain, la maratonista uruguaya que le dio al país la primera medalla en la historia de un Mundial de Atletismo.pic.twitter.com/R3rrFpkhSk
— Federico Barreiro ⑫ (@BarrMore) September 14, 2025
Репрезентативката на Македонија, Адријана Поп Арсова Рашиќ, маратонот го заврши на 62. место со време 3 часа, една минута и 48 секунди.
Foto/ EPA