Спорт
Горан Кузманоски е нов тренер на РК Бутел

РК Бутел потврди дека поранешниот македонски репрезентативец, Горан Кузмановски е нов тренер на клубот пред новата сезона. Кузманоски, кој во текот на кариера играшее во Македонија, Италија, Шпанија, Шведска, Португалија и Романија, потпишал двегодишен договор
“Бутел е екипа која низ годините презентираше добри резултати во Суперлигата и настапи во европските купови. Покрај заминувањето на неколку искусни играчи и играчи кои имаа продонес во екипата, клубот одлучи да се помлади и со нова енергија да влезе во борба за плеј-оф. Амбициите, добрите школи во младите категории ме натераа да се решам да потпишам договор. Целта е пласман во плеј-оф, иако ќе имаме доста подмладена екипа со просек од 23 години. Ме радува и фактот што има младински репрезентативци, што чекор по чекор ќе бидат носители во првиот тим, вели Кузманоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид и Баер Леверкузен (веќе) имаат нови тренери

Еден ден откако беше објавено дека Карло Анчелоти постигнал договор со Бразилската фудбалска асоцијација, европските медиуми го промовираа не само новиот тренер на Реал, туку и новиот тренер на Баер Леверкузен.
Во Шпанија речиси и да не се доведува во прашање дека Чаби Алонсо, кој помина три сезони на „Бај Арена“ и минатата сезона оствари еден од најголемите подвизи во модерната историја на европскиот фудбал, ќе стане тренер на „кралскиот клуб“.
Алонсо во кариерата, пет сезони го носеше дресот на Реал, одигра 236 натпревари од и учествуваше во освојувањето на пет трофеи.
Алонсо долго време беше проектираниот наследник на Анчелоти, а се укажува на тоа дека и во Леверкузен биле подготвени. Според „Скај Спорт Германија“, Баск ќе го наследи Баскот на „Бај Арена“.
Баер следната сезона треба да го предводи Иманол Алгуасил Баренечеа, човек кој со голем успех го води првиот тим на Реал Сосиедад од 2018 година.
Иманол Алгуасил е континуирано ангажиран во Сан Себастијан од 2011 година, кога стана тренер на младинскиот тим, потоа асистент во „Б“ тимот, потоа и тренер на тимот „Б“ и на крај го презеде првиот тим.
Под водство на Алгуасил, Сосиедад заврши под 10-то место само во првата сезона, а потоа рангирањата беа: 9-то, 6-то, 5-то, 6-то, 4-то и 6-то место минатата сезона. Тие во катуелната сезона се наоѓаат на 10-то место.
Спорт
Ако традицијата продолжи, Арсенал сезонава ќе ја освои ЛШ

Фудбалот честопати ги пишува најневеројатните приказни, но оваа им припаѓа на оние што можат да се наречат чиста мистерија. Главната улога ја играат римските папи и англиските клубови.
Три пати во историјата, кога папата починал, клуб од Англија, таа сезона ја освоил титулата во Лигата на шампионите.
Папата Франциск почина на 21 април годинава.
Дали е случајност, судбина или нешто друго? Да ја погледнеме хронологијата.
1978 година. Папата Павле VI почина во август.
Таа сезона, Нотингем Форест ја освои својата прва од двете титули во Купот на европските шампиони. „Шумарите“ во финалето го победија Малме со 1:0.
2005 година
Почина папата Јован Павле Втори, еден од најомилените поглавари на римо-католичката црква во модерната историја.
Само неколку месеци подоцна, Ливерпул направи чудесен пресврт во финалето против Милан во Истанбул, од 0:3 дојде до 3:3, а потоа по изведувањето пенали ја освои Лигата на шампионите.
2022 година
Папата Бенедикт XVI (кој формално абдицираше во 2013 година)почина на 31 декември 2022 година.
Во сезоната 2022/23, Манчестер сити ја освои својата прва титула со победата 1:0 над Интер.
Случајност или судбина?
Оваа сезона, единствениот преостанат англиски клуб во елитното натпреварување е Арсенал, кој ќе го пречека ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето во вторник.
Спорт
Најава за спектакл во Лондон, Арсенал против ПСЖ

Фудбалерите на Арсенал и ПСЖ, вечерва ќе ја отворат полуфиналната фаза во Лигата на шампионите.
Два тима, иста цел, конечно да го освојат трофејот во Лигата на шампионите. Арсенал и ПСЖ никогаш не го освоиле најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал. Победникот во финалето, во Минхен, ќе игра против Интер или Барселона.
Арсенал и ПСЖ се сретнале пет пати во последните 20 години – три победи извојува тимот од Лондон, а двапати било нерешени резултати.
Последниот пат, овие два тима играа оваа сезона во лигашкиот дел од натпреварувањето, а Арсенал успеа да ги победи Парижаните на својот стадион со 2:0, со головите на Каи Хаверц и Букајо Сака.
„Топџиите“ стигнаа до полуфиналето со убедлива победа над Реал Мадрид во четвртфиналето (вкупно 5:1). Од друга страна, Пари Сен Жермен се мачеше со Астон Вила (вкупно 5:4).
Арсенал доминираше во Лигата на шампионите во текот на целата сезона, што се докажува со фактот дека примија само три гола во лигашкиот дел од натпреварувањето и го зазедоа високото трето место на табелата.
Кога е во прашање Пари Сен Жермен, тие влегоа во натпреварувањето нешто полошо, но ја во вистинско време ја „фатија“ формата.
Тимот од Лондон се смета за благ фаворит во првиот натпревар. За време на викендот, Арсенал ги загуби сите надежи за освојување на титулата во Премиер лигата, па сега можат да се фокусираат што е можно повеќе на Лигата на шампионите, која никогаш не ја освоиле.
Трофејот е во фокусот и на ПСЖ, разликата е само што тие на шест кола пред крајот на сезоната во Лига 1 ја одбранија титулата.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, може да смета на сите играчи за претстојниот натпревар. Неговиот тим нема проблеми со повреди или суспензии.
Од друга страна, Микел Артета има проблеми. Тој нема да може да смета на суспендираниот Томас Парти (жолти картони), односно на Жоржињо, Каи Хаверц, Гарбиел Жесус, Такехиро Томијасу.
Микел Мерино, како и стоперот Бен Вајт, се под знак прашалник за натпреварот.
Првиот полуфинален натпревар Арсенал-ПСЖ на „Емирејтс“ стадионот во Лондон ќе започне во 21 часот, реваншот е на 7.мај во Париз.