Спорт
Гостински победи за Милан и Сампдорија
Милан и Сампдорија забележаа победи во првите натпревари одиграно во 2023 година, во Серија А. На отворањето на 16.коло, двата тима триумфираа на гостински терен.
Милан ја продолжи потерата по водечкиот Наполи. Актуелните шампиони славеа кај Салернитана со 2:1.
Милан победата ја обезбеди со два гола во 10. и 15.минута. Тонали најпрвин му асистираше на Леа, а потоа и самиот постигна гол. Салернитана внесе неизвесност во овој меч во 83.минута, кога Татарушану беше совладан од Бонацоли.
За Салернитана дебитираше голманот Очоа. Имаше одлично деби, прими два гола, но одбрани осум удари.
Сампдорија по два и пол месеци успеа да победи. Втората победа од почетокот на сезоната, играчите на Сампдорија ја забележаа на теренот на Сасуоло.
Слично како и Милан и Сампдорија во краток интервал постигна два гола. Во 25. и 28.минута стрелци беа ветеранот Габијадини и Аџуело.
Сасуоло заигра многу подобро во вториот дел, но само успеа да го намали поразот со голот на Берарди од пенал во 64. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Бруно за убедлив триумф на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед не дозволи изненадување, победи кај „фенерџијата“ Вулверхемптон (4:1), во последниот натпревар од 15-то коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ ја оправдаа фавротската улога против тимот кој досега освои само два бода.
Не одеше се според плаот, барем во првиот дел. Манчестер поведе преку Бруно Фернандеш, но Вулверхемптон израмни во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Белегард.
Сепак, во второто полувреме гостите се одлепија со головите на Ембмо и Маунт, а триумфот го потврди Бруно Фернандеш од пенал.
Јунајтед се шести на табелата, со ист број бодови како и петтопласираниот Челзи, додека Вулверхемптон можат да се подготвуваа за преселба во понизок ранг.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Пулишиќ режисер на спектакуларниот пресврт на Милан во Торино
Фудбалерите на Милан го победија Торино по пресврт со 3:2 на гостински терен, во 14-то коло од Серија А.
Торино поведе со 2:0 во првото полувреме, а Милан со два гола во вториот дел дојде до пресврт.
Домашниот тим поведе во 10-та минута, кога Никола Влашиќ беше прецизен од пенал за 1:0.
Само седум минути подоцна, Дуван Запата ја удвои предноста на Торино, „тресејќи“ ја мрежата по асистенцијата од Влашиќ.
Седум минути подцна Милансе врати во натпреварот со на Адриен Рабио, кој погоди по додавањето од сонардоникот Фикајо Томори.
Пресвртот во вториот дел го режираше Кристијан Пулишиќ кој влезе во 66-та минута, а само минута подоцна успеа да постигне гол за 2:2.
Потоа, во 77-та минута, американскиот репрезентативец повторно беше прецизен за конечни 3:2.
Милан е на првото место во Серија А со 31 бод, колку што има и Наполи, бод помалку има Интер. Торино е на 16-та позиција со 14 бода.
Foto/ freerangestock
Спорт
Слот му одговори на Салах: Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб
Мохамед Салах не е во тимот на Ливерпул кој ќе игра против Интер во вторник. Таква можност претходно ја најавија англиските медиуми откако Салах отворено го нападна клубот и тренерот Арне Слот за време на викендот.
Слот, се осврна на коментарите на Салах додека зборуваше на прес-конференција пред натпреварот со Интер во Милано. На прашањето што мислел Салах кога изјави „дека клубот го фрлил под автобус“, Слот одговори:
„Мо е единствениот што може да одговори на тоа. Можам да шпекулирам, но не мислам дека би било исправно во моментов. Тешко ми е да кажам кого и што мисли. За да коментирам за тоа, треба да знам што мислел. Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб. Кога играч ќе каже такви работи, мора да реагираме како клуб. Како што можете да видите, тој не е тука.“
„Дали комунициравме? Му кажавме дека не патува со нас. Тоа беше единствената комуникација од нас до него“, додаде тој и продолжи:
„Дали нашиот однос е нарушен? Не се чувствувам така, но тој има право да се чувствува така. Воопшто не се чувствував така до сабота навечер, тоа е сигурно. Играчите обично не се однесуваат добро кога се лути затоа што не играат, но тој беше почитуван од целиот персонал и своите соиграчи, тренираше напорно, па бев изненаден кога ги слушнав неговите коментари. Мојата реакција на нив е јасна, фактот дека тој не е со нас ви кажува сè.“
Foto/ EPA

