Спорт
Грчкото евролигашко дерби за Олимпијакос, Реал со пресврт во Милано (видео)

Олимпијакос пред својата бучна публика успеа да го совлада Панатинаикос со 81:78 во евролигашкото дерби во меч со груба игра и со малку поени.
Шек Меккајсик постигна 22 поени и го даде клучниот кош во финишот за победата со која Олимпијакос го подобри скорот на 12-15 и се израмни со Панатинаикос во борбата за плејофот. ПАО имаше мизерни 1-од-20 во обидите за тројка, но успеа да се врати од осум негатива (63:55) откако Олимпијакос не постигна поен во првите четири минути од псоледната четвртина. Ник Калатес имаше 18 поени, 6 асистенции и 5 скока за Панатинаикос.
Во необичен меч без публика и новинари, Руди Фернандез го предводеше Реал Мадрид до 78:73 победа над Армани Милано. Фернандез имаше 16 поени и 4 асистенции и беше клучниот човек во последната четвртина, во која во пет минути Реал направија 20:5 предност. Рикардо Мораскини беше најдобар за Милано со 21 поен и 5 скока, а Милано водеше во три четвртини од мечот.
ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО
ЦСКА Москва – Зенит Петерсбург 86:78 (23:21, 23:22, 20:15, 20:20)
Жалгирис Каунас – Химки 96:85 (29:15, 21:19, 14:24, 32:27)
Олимпијакос – Панатинаикос 81:78 (18:20, 27:19, 20:20, 16:19)
Асвел Лион – Валенсија 72:65 (20:17, 18:13, 18.22, 16:13)
Армани Милано – Реал Мадрид 73:78 (25:11, 20:24, 10:11, 18:32)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер сити ќе го вклучи Мекати во „операцијата Вирц“

Манчестер сити започнаа со реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок. Клубот потроши повеќе од 200 милиони евра за трансферите на четворица фудбалери. Според медиумите реконструкцијата ќе заврши во летниот преоден рок.
Пеп Гвардиола на пазарот бара плејмејкер, некој што ќе ја преземе улогата на Кевин Де Брујне кој ќе го напушти клубот.
На „Етихад“ не кријат дека прва желба е играчот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Проблем за Сити е интересот на Реал Мадрид и обесштетувањето од 120.000.000 евра.
Англиските медиуми тврдат дека „граѓаните“ имаат план како да го намалат обесштетувањето. Подготвени се да го вклучат во трансферот младиот фудбалер Џејмс Мекати.
На оваа идеја во клубот дојдоа откако во зимскиот преоден рок го одбија предлогот на Баер да го испрата Мекати на позајмица во Леверкузен.
Мекарти од најмала возраст е член на Сити, беше позајмен во Шефилд, а оваа сезона, главно како резерва настапи на 19 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола за 648 минути.
Спорт
Бекам: Меси е најдобриот на сите времиња

Прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам го даде своето мислење за трката за најдобар фудбалер на сите времиња.
Сопственикот на Интер Мајами, логично се определи за најголемата ѕвезда на неговиот клуб, Лионел Меси.
„Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња“, рече Бекам за време на разговорот на аудиовизуелниот саем МИП во Лондон.
Тој зборуваше и на други фудбалски теми, прогнозираше дека Реал Мадрид повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, а го пофали и Пеп Гвардиола, кој минува низ најтешкиот период во кариерата.
„Пеп е еден од најдобрите тренери во светот. Секој голем клуб поминува низ периоди на транзиција, особено кога има промени во тимот. Понекогаш е потребно време за тимот да се стабилизира”, рече Бекам.
Спорт
(Видео) Меси повторно стрелец против Канзас, Интер ја мина првата рунда во ЛШ на КОНКАКАФ

Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, откако и во реваншот го победи Спортинг Канзас Сити. Интер на гости победи 1:0, а во реваншот на домашен терен забележа триумф 3:1.
Натпреварот го одбележа првиот гол на натпреварот, кој го постигна Лионел Меси во 19. минута од натпреварот, кога проработе врската од Барселона. Во улога на аистент беше Луис Суарез, а стрелец Меси.
MESSIIIIIIII 🐐😱
What a goal for Inter Miami!! 🌴 pic.twitter.com/UHUuEPfE4V
— FOX Soccer (@FOXSoccer) February 26, 2025
До крајот на полувремето Тадео Аљенде ја удвои предноста на својот тим, а во судиското надополнување Суарез го постигна третиот гол. Во второто полувреме, замениот Мемо Родригез го постигна единствениот гол за гостите.
Интер Мајами во четвртфиналето ќе се соочи со Кавалирс, шампионот на Јамајка.