Спорт
Грем Потер се уште зема плата од Челси
Герет Саутгејт (53) пред три дена поднесе оставка од селекторската функција на Англија. Англија во финалето на ЕП беше поразена од Шпанија со 2:1. Саутгејт со Англија доживеа пораз во и претходно финале на ЕП, во 2021 загуби од Италија на пенали.
Според пишувањата на медиумите од Англија, главен кандидат за клупата е Греам Потер (49). Се споменуваат и Еди Хау (46), Маурисио Покетино (52) и Ли Карсли (50).
Потер е без работа откако беше отпуштен по само седум месеци од Челзи во април 2023. Го предводеше Челси на 31 натпревар, забележа 12 победи, осум нерешени и 11 порази.
Откако Челзи го отпушти Потер, тројца тренери веќе се сменија на клупата. Најпрвин Френк Лампард (46) накратко го предводеше тимот, а Маурисио Покетино (52) беше на клупата цела минатата сезона. Аргентинецот доби отказ на крајот од сезоната, а тимот го презеде италијанскиот тренер Енцо Мареска (44). И покрај тоа што веќе се сменија тројца тренери, Потер се уште го плаќа Челзи.
Англиските медиуми сега наведуваат дека Челзи навистина сака Потер да стане нов селектор на Англија, за да се ослободи од неговата плата. Имено, кога Потер доби отказ, клубот се обврза да му исплаќа плата во висина од 240 илјади евра неделно во следните 18 месеци. Тоа беше договор наместо Челзи наеднаш да му исплати отпремнина, а доколку Потер најде нова работа тогаш челси нема да има оврска да го плаќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.
Спорт
Петков 55-ти во велеслалом, Бразилецот Боротен ја растури конкуренцијата
Лукас Пинеиро Бротен е олимписки шампион во велеслалом, кој се возеше во Бормио. Тој го освои првиот златен олимписки медал во алпско скијање за Бразил.
Норвежанецот, кој пред две години одлучи да скија за татковината на неговата мајка, направи подвиг на Зимските олимписки игри во Италија. Со стартен број 1, тој возеше совршенa прва трака.
По првата трка, тој имаше дури 95 стотинки предност пред првиот фаворит Швајцарец Марк Одермат. Во втората, тој успеа да го издржи притисокот и да стигне до тронот со 58 стотинки повеќе во исклучително тешки временски услови. Тој ја запре штоперицата на точно 2:25.00.

Одермат не можеше да направи ништо повеќе.Во втората трка, тој имаше одличен старт, но мала грешка во средниот дел од патеката можеби го чинеше да дојде до златниот медал. Ова е неговиот трет медал во Милано, но се уште нема злато. Тој има две сребрени и еден бронзен медал во колекцијата.
Лоик Мајард, уште еден Швајцарец, заврши на најниската скала од подиумот, 1,17 секунди зад Бротен.
Во велеслаом настапи и македонскиот репрезентативец Виктор Петков. На крајот, по дете трки тој го освои 55-то место во конкуренција на 81 натпреварувач, со 23,37 секунди послабо време од победникот Бротен.
Foto/ MOK

