Спорт
Гризман ќе ја напушти Барселона?

Фудбалскиот клуб Барселона, шест дена пред изборите, го тресе скандалот со аферата „Барсагејт“, во која претпладнево беа уапсени високи клупски функционери, меѓу кои е и поранешниот претседател Џосеп Марија Бартомеу.
Според шпанските медиуми, Меси го чека исходот на претседателските избори, за да ја донесе одлуката околу својата иднина, меѓутоа тие тврдат дека тој ќе замине поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа кубот.
Истите овие извори, тврдат, дека во јуни, покрај Меси клубот ќе го напушти и вториот најплатен играч во тимот, Антоан Гризман.
Гризман, во јуни 2019 година, за сума од 120 милиони евра, го напушти Атлетико и се пресели во Барселона. На „Ноу Камп“ тој не ги оправда очекувањата.
Барселона наводно ќе прифати понуда од 60 милиони евра за францускиот репрезентативец. Интерес за Гризман покажале ПСЖ и Манчестер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Денвер нема намера да се откаже од Валанчунас
Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ.
Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат.
Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер го гледа како клучен играч од клупата, како резерва за најдобриот играч Никола Јокиќ. Иако
Литванецот, од вчера е во Атина, имал контакти со луѓе од Панатинаикос, но трансферот во моментов е на чекање.
Причината? Сè е дел од веќе договорената размена, Дарио Шариќ оди во Сакраменто, а Валанчунас во Колорадо.
Откако размената ќе стане официјална во недела, 6 јули, Нагетс планираат да го активираат неговиот договор и да го задржат во тимот.
„Нагетс се решени да го задржат Валанчунас како резервен центар на Јокиќ, и покрај понудата на Панатинаикос“, нагласи Штајн.
Валанчунас, ако остане во Денвер следната сезона ќе заработи 10,4 милиони долари, односно кога ќе ги плати сите даноци, ќе му останат 4,2 милиони долари. Панатинаикос од друга страна му понуди три годишен договор, вреден 12 милиони долари (четири милиони долари по сезона).
Foto/ EPA-EFE/CJ GUNTHER
Спорт
Хапоел го потврди трансферот на Брајант

Американскиот кошаркар Елајџа Брајант е нова аквизиција на Хапоел Тел Авив, потврди актуелниот шампион на Еврокупот.
Хапоел ја информираше јавноста дека, Брајант црвениот дрес ќе го носи во следните три сезони.
Кошаркарот од сојузната американска држава Џорџија ги помина претходните четири години во Истанбул, во Анадолу Ефес, а во 2022 година го освои елитното европско натпреварување.
Човекот кој има и титулата во НБА лигата во 2021 година, минатата сезона забележа 13,9 поени, 4,2 скока и 3,2 асистенции во Евролигата, со дури 1,2 украдени топки по натпревар.
Според медиумите Брајат годишно ќе заработува 2,8 милиони евра.
Спорт
Зошто Роналдо не беше на погребот на Жота?
Фудбалерот Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а неговото отсуство беше предмет на многу коментари.
Се очекуваше легендарниот напаѓач, капитенот на португалската репрезентација и соиграч на Жота во националниот тим, да биде присутен, но тоа не се случи.
Најверојатната верзија за неговото непојавување беше дека не сакал да привлече внимание кон себе и со тоа да ја изгуби смислата на тажното собирање.
Во исто време, сепак, има информации дека Роналдо контактирал со семејството на Жота и им кажал дека сака финансиски да ги поддржи децата на покојниот ас на Ливерпул.
Кристијано, трогнат од трагедијата, вети дека ќе се грижи за образованието на трите деца што ги остави Жота зад себе. Со својата долгогодишна партнерка Рут Кардосо, тој има две ќерки (четири и две години) и син кој има само седум месеци.
Браќата Диого Жота и Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија, а беа погребани во катедралата во Гондомар.