Спорт
Гризман ќе профитира од хаосот во Барселона

Антоан Гризман најмногу ќе профитира од хаосот во Барселона и најавеното заминување на Лионел Меси. „Лекип“ пишува дека Роналд Куман, новиот тренер на Барселона, му ветил дека ќе биде прв избор во нападот.
Гризман минатото лето за 120 милиони евра од Атлетико пристигна во Барселона. Францускиот репрезентативец имаше кошмарна деби сезона, одигра 48 натпревари, постигна 15 голови.
Оправдување за лошата сезона Гризман може да бара и во тактичките определби на тренерите, речиси ниту еднаш не играше на својата природна позиција.
„Она што го правеше во Атлетико сега ќе го правиш и во Барселона“, открива „Лекип“ дел од разговорот помеѓу Куман и Гризман.
Според овој извор Куман му ветил на Гризман дека повеќе нема да игра на крилните позиции, туку во врвот на нападот и му рекол дека ќе го добије својот омилен број. „Седумката“ во Барселона е во сопственост на Фелипе Кутињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Артета: Не сме на нивото што е потребно да се освои Премиер лигата

Арсенал доживеа неочекуван пораз од Вест Хем на „Емирати“, а Микел Артета со право по мечот им беше лут на своите играчи.
Титулата сега е само мислена именка за „тобџиите“, за ова е свесен тренерот на Арсенал:
„Тоа веќе не зависи од нас. Навистина, навистина сум лут во моментов поради она што зависи од нас, а тоа се нашите перформанси и резултати, а ние не го направивме она што можеме“, рече Артета.
Арсенал статистички беше подоминантен ривал од Вест Хем, но тие изгледаа многу лошо на теренот.
„Многу сум разочаран. Иако имавме 20 шута, не чувствував дека сме на нивото на кое требаше да бидеме. Ова не е ни блиску до нивото што треба да го достигнеме за да имаме шанса да ја освоиме Премиер лигата“, заклучи Артета.
На табелата во Премиер лигата, Ливерпул е на чело со осум поени повеќе од Арсенал.
Спорт
Поповиќ нема да се врати оваа сезона, неизвесна е неговата иднина

Легендарниот тренер Грег Поповиќ нема да се врати на клупата на Сан Антонио оваа сеозна. Оваа информација ја пренесе новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија. За потсетување, Поповиќ се опоравува од мозочниот удар што го доживеа во ноември.
Иднината на славниот тренер останува неизвесна, а информациите за неговата состојба се многу ограничени. Последната информација за тренерот се појави во декември, тогаш Спарс објавија дека Поповиќ работи на неговата рехабилитација.
Ова е уште еден тежок удар за Спарс оваа недела, бидејќи тие веќе го загубија суперталентираниот центар Виктор Вембањама до крајот на сезоната поради длабока венска тромбоза на десното рамо.
Со 76 години и во својата 29. сезона како тренер на Спарс, Поповиќ најстариот и тренер со најдолг стаж во НБА.
Поповиќ е петкратен шампион во НБА, го држи рекордот за најмногу победи во историјата на лигата, три пати беше прогласен за тренер на годината и беше примен во Куќата на славните во 2023 година.
Сан Антонио моментално има скор од 24-30 и мали шанси да се бори за место во плејофот.
Спорт
(Видео) Дончиќ и Леброн го декласираа Јокиќ
Лос Анџелес Лејкерс убедливо славеа во Денвер со 123:100 (38:31, 25:23, 33:33, 27:13).
Лука Дончиќ го доби првиот дуел против Никола Јокиќ како играч на ЛА Лејкерс. Србинот и покрај тоа што го забележа 26. трипл-дабл во сезоната офигра лош натпревар.
Тој шутираше 2/7 од поле и го заврши натпреварот со 12 поени, 13 скока и десет асистенции.
Дончиќ ги предводеше Лејкерси со 32 поени, десет скока и седум асистенции. Леброн Џејмс додаде 25 поени, а одлични беа и Остин Ривс со 23 и Рој Хачимура со 21 поен.
Кај Нагетс најефикасен беше Арон Гордон со 24 поени, пет скока и четири асистенции, Џамал Мареј имаше 19 поени на шест асистенции, додека Расел Вестбрук придонесе со 17 поени.
Поразот од Лејкерси беше прв за Денвер по серијата од девет победи. Нагетс сега се на скор 37-20, додека тимот од „Градот на ангелите“ го забележа 34. триумф од почетокот на сезоната во НБА.
Резултати:
Чикаго – Феникс 117:121
Филаделфија – Бруклин 103:105
Денвер – ЛА Лејкерс 100:123
Јута – Хјустон 124:115
Портланд – Шарлот 141:88