Спорт
Гризман: Меси знае дека го почитувам и дека му се восхитувам
Антоан Гризман пред 18 месеци направи трансфер во Барселона. Атлетико за него доби 126.000.000 евра, а Барса, според многумина, лошо засилување. Гризман е третиот најскап фудбалер во историјата на клубот од „Камп ноу“.
Од првиот ден е изложен на критики, медиумите до детаљ го анализираат неговиот однос со Лионел Меси, односот со тренерите, статистиката…
Францускиот репрезентативец си ја отвори душата во шоуто на Хорхе Валдано, ѕвездата на Реал и Аргентина од 80-тите години на минатиот век.
Гризман денес е главна тема во шпанските медиуми, кои вадат делови од интервјуто.
„Тешко и депресивно е тоа што секое утро гледам и читам лоши вести за себе и тимот. Зад нас е тешка година, но верувам дека имамем тим што е способен да оствари големи резултати. Тоа мораме да го докажеме на теренот, како поединци и како тим. Сигурно дека фактот што играме на неколку дена во Шпанија и Европа нема многу да ни помогне во тоа поради тоа имаме многу повредени играчи“, рекол Гризман.
Проговорил и летниот преоден рок во 2018 година кога реши да остане во Атлетико иако им ветил на челниците на Барселона дека ќе го напушти Мадрид. Трансферот го реализира една година подоцна.
„Првиот ден кога дојдов во Барселона разговарав со Лео. Ми кажа дека сум го за…в бидејќи годината претходно одбив да се преселам во Барселона. Тој од челницте на клубот побарал да ме донесат на ‘Камп ноу’. Исто така, ми кажа дека е со мене и тоа го покажува секој ден. Лео знае дека јас многу го почитувам и дека му се восхитувам“.

Францускиот ас појаснил дека кога ја одбил Барселона во 2018 година, имал проблеми со целото семејство бидејќи сите сакале да игра за Барса. Една година подоцна, одлуката да замине ја донел кога од клубот заминале Лукас Ернандез (Баерн Минхен) и Диего Годин (Интер).
Неодамна неговиот поранешен менаџер Ерик Олтхас за лошата форма на Гризман во Барселона го обвинил Меси. Гризман му објаснил на Валдано кој е Олтхас.
„Со поранешниот менаџер Олтхас немам контакт откако се оженив. Го поканив на свадбата, тој не се појави и оттогаш немам никаков контакт со него. Новинарите секогаш го бараат за коментар бидејќи мојот татко и мојата сестра не сакаат да даваат изјави. Мојот вујко Емануел Лопез не знае како функционира фудбалот. Секој негов разговор со новинарите изгледа како тие да ги вадат речениците од него. Му кажав на Лео дека не разговарам со мојот вујко, дека немам ниту негов телефонски број“.
Напаѓачот на Барселона е свесен дека игра во лоша форма, смета дека за тоа е виновна смената на тренерите.
„За 18 месеци, сменивме тројца тренери. Секој од нив имаше поинаква визија. Валверде ме ставаше на крилото, таа позиција не е моја. Кај Сетиен еден меч играв, еден не. Мојот татко му се јави еднаш да го праша зошто така се однесува со мене. Јас не сакав да се мешам. Летово дојде Куман. Мислам дека е јасно оти немав време да се приспособам на сограчите. И, капак е смената на претседателот, а сите кандидати за нов претседател расправаат на темата дали сум јас играч за Барселона или не. Мислам дека тоа не е нивна работа“, заклучил Гризман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Комо среде Торино го нокаутира Јувентус
Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година.
„Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск Фабрегас, на последните пет гостувања има четири победи и едно реми.
Јувентус е во криза, игра лошо, па можеби поразот од Комо и не е големо изненздување. Со исклучок на шансата во која се најде Опенда, во раната фаза на натпреварот, играчите на лучано Спалети не направи ништо конретно пред голот на противникот. Дури во финишот се закани Копмајнерс, од слободен удар ја погоди стативата.
За разлика од Јуве, Комо делуваше сигурно, со јасен план и цел.
Војвода го постигна првиот гол во 11-та минита, а точка на натпреварот сави Шакере во 61-та минута, кога со гол ја заврши брилијантната котрна на својот тим.
По 26 рунди, Јувентус на петтото место има 46 поени, еден повеќе од шестопласираниот Комо.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во Сан Себестијан – Реал Сосиедад не успеа да го победи Овиедо
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3.
По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч.
„Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим.
Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, а потоа следеше неверојатен финиш. Во 87-та минута, Чалета-Цар израмни за домаќините, кои не застанаа тука.
Три минути подоцна Оскарсон го комплетираше пресвртот со својот втор гол.
Наместо победа и три бода, следуваше шок во 90+2 минута Ерик Бејли го постави конечниот резултат и му донесе бод на Овиедо.
Спорт
Клабо е супермен – Шест трки, шест златни медали
Шест трки, шест златни медали за Јоханес Хенсфотл Клабо на Зимските олимписки игри во Милано и Корина. Суперменот од Норвешка, победи во трката на 50 километри, го освои шестото злато, вкупно 11-то на Олимпиајдите, на кои има и едно сребро и бронза.
Трката на 50 километри, масовен старт, мина во целосна доминација на Норвежаните. Покрај Клабо, кој победи со време 2 часа, седум минути, седум секунд, медали освоија Мартин Нингет и Емил Иверсен.

Норвешката тројка од конкурентите се одвои по 15-от километар, тројцата беа еден до друг се до 46-от километар кога отпадна Ивенрсен. Клабо отпорот на постариот колега го скрши на 500 метри пред целта.
29-годишниот Клабо, со перфектниот настап на овие Олимписки игри, ја истакна кандидидатурата за најдобар спортис во светот во оваа година.
Норвешка ќе ги заврши Игрите како најуспешна нациија, во саботата го освои 18-от златен медал, има и по 11 средби и бронзи.

