Спорт
Гризман побара прошка од навивачите на Атлетико
Атлетико Мадрид се врати на победите со тешка 0:1 победа на гости кај Атлетик Билбао на „Сан Мамес“, откако трите поени ги обезбеди Антоан Гризман во првиот меч откако неговиот клуб и Барселона се договорија за постојаниот трансфер, со што тој не мораше да влегува во игра по 60-тата минута од мечот.
Зборувајќи со „Диарио АС“ по мечот, Гризман прати порака до навивачите на „рохибланкос“.
„Горд сум што сега целосно сум фудбалер на Атлетико. Сакам да побарам прошка, знам дека луѓето сакаат да го чујат тоа од мене. Барам прошка за штетата која можеби ја направив, но најголемата прошка ќе ја побарам на теренот со давање на максимум како вечерва. Се наоѓаме на добар пат и покрај тоа што не ги победивме Бриж во Лигата на шампионите“, изјави Гризман.
Голем број на навивачи на Атлетико уште не му ја даваата целосната поддршка на Гризман, откако тој се „поигра“ со нив со документарниот филм „Одлука“ во кој откри дека ќе направи трансфер во Барселона. Но, по разочарувачкиот престој на „Ноу Камп“, тој се враќа во форма во вистински момент за тимот на Диего Симеоне.
EL AUDIO DEL PERDÓN DE GRIEZMANN. pic.twitter.com/H2GdlAgjCu
— rubén (@rubennatm) October 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури не го ни погледна Усик пред „мечот на векот“
Тајсон Фјури (35) и Олександр Усик (37) ќе се борат во сабота навечер во меч кој долго време се нарекува боксерски меч на векот. Борбата за обединување на титулите на во тешка категорија ќе се одржи во Ријад, каде во рингот треба да влезат Фјури, шампионот според ВБЦ и Усик, шампионот според ВБА, ИБФ, ВБО и Ринг.
„Мечот на векот“ требаше да се случи во февруари, но беше одложена откако Фјури заработи расекотина на лицето на подготовките, поради што мораше да го одложи мечот.
Победникот во борбата ќе стане првиот човек кој ги обединил сите титули по Ленокс Луис, кој го направи тоа со победата над Евандер Холифилд во 1999 година.
Пред борбата, борците одржаа уште една прес-конференција, по што следуваше традиционалното соочување. Иако тоа вклучува гледање очи во очи, овој пат беше поинаку.
Фјури застана на сцената со шешир на главата и се сврте кон публиката, односно странично кон Усик. Британецот потоа го симна шеширот, ги покажа мускулите, разговараше со навивачите, па дури и пееше, додека Украинецот сето тоа мирно го гледаше.
Запрашан зошто не го ни погледнал противникот, Фјури одговори:
„Тој е момче со застрашувачки изглед. Дојдов да се опуштам, чекам да влезам во рингот во сабота. Разговорите и интервјуата завршија. опуштен сум и фокусиран“.
Фјури во кариерата има биланс од 34 победи, без пораз и едно реми со Деонтеј Вајлдер. Усик победи на секоја од неговите 21 борба во професионалната кариера.
„Индипендент“, објави дека според потпишаниот договор Фјури ќе земе 70 отсто од вкупната сума од 140 милиони евра од борбата, односно нешто повеќе од 94 милиони евра. Во договорот стои дека еден милион мора да се донира на Украина, која е во војна со Русија.
Спорт
Лош крај на одличната сезона на Иско
Најдобриот играч на Бетис, Иско, ја заврши сезоната. Во текот на вчерашниот натпревар против Лас Палмас, тој здоби со фрактура на дијафизата на фибулата на левата нога. Повредата на иско ја потврди клубот.
Иско заработи повреда на гостувањето кај Лас Палмас во 36. коло од Ла Лига. Во 39. минута Шпанецот мораше да го напушти теренот. Натпреварот заврши без победник 2:2 (1:1).
Повредата значи дека 32-годишниот фудбалер нема да биде во комбинација за настап на Европското првенство во Германија.
„Тешко е“, беше краток и јасен Иско во обраќањето пред новинарите веднаш по лекарскиот преглед.
❌ Isco, en muletas
El malagueño ha parecido así para realizarse las pruebas médicas tras el golpe sufrido ante Las Palmas.
📌 Tiene muy difícil jugar contra la Real Sociedad.
🎥 @samuelsonsilva pic.twitter.com/ovmNatPWzh
— Relevo (@relevo) May 17, 2024
За „зелените“ од Севилја одигра 29 натпревари (2.339 минути) во домашното првенство, при што постигна осум гола и забележа пет асистенции. Во Лига Европа настапи на сите шест натпревари во групата Ц, постигна еден гол и запиша две асистенции.
Во следното коло Бетис во недела од 19 часот го пречекува Реал Сосиедад. Ќе биде ова директна борба за шестата позиција која гарантира пласман во плеј-офот за Лига Европа. Сосиедад има бод повеќе од Бетис.
Спорт
Ван Перси ќе го предводи Херенвен
Робин Ван Перси е назначен за шеф на стручниот штаб на Херенвен, соопшти холандскиот клуб.
Ван Перси (47) е најдобриот стрелец во Историјата на овој клуб. Тој со Херенвен потпиша двегодишен договор.
Инаку, ова му е прво работно место на кое ќе работи како главен тренер, а претходно работеше како советник, специјалист и тренер на младинците во Феенорд.
„Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, а јас ја работам со голема страст и задоволство. Би сакал да продолжам да се развивам во таа насока, а работата главен тренер е идеална можност за тоа. Презадоволен сум од тоа и благодарен за шансата што ми ја даде Херенвен. Тоа е многу убав клуб со богата традиција и верни навивачи. „Фантастичен предизвик е да се придонесе за спортските амбиции и развојот на клубот“, рече Ван Перси.
Ван Перси имаше извонредна кариера во која ги носеше дресовите на Феенорд, Арсенал, Манчестер јунајтед и Фенербахче.