Спорт
Гросо бара милионска оштета од Лион

Поранешниот тренер на Лион, Фабио Гросо (46), кој доби отказ по само два и пол месеци (во седум натпревари забележа победа, две нерешени и четири порази), реши да го тужи клубот. Италијанецот бара обештетување во износ од два милиони евра.
Гросо го тужи клубот за кој како играч е врзан со убави спомени (2007-2009 година), но како тренер доживеа вистински кошмар, покрај лошите резултати, тој за малку ќе загубише око кога хулиганите на Марсеј го нападнаа автобусот на Лион на матото кон стадионото „Велодорм“.
Скршеното стакло му го пресече лицето, а може да се каже дека имал среќа, бидејќи окото останало неоштетено. Инаку, барањето за обештетување се однесува и на доживеаната траума, како и на тоа што истата не е целосно исплатена.
Откако Гросо доби отказ, за привремен тренер беше назначен директорот на младинската школа Пјер Саже.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ромуло за 20 милиони евра се пресели во Лајпциг

Бразилскиот фудбалер Ромуло потпиша петгодишен договор со Лајпциг.
Магазинот „Кикер“ објави дека Лајпциг ќе плати до 25 милиони евра за трансферот на 23-годишниот напаѓач, од кои 20 милиони се фиксни, а 5 милиони преку потенцијални бонуси.
Ромуло играше како позајмен играч за Гезтепе минатата сезона и постигна 17 гола во турското првенство и Купот. Својата кариера ја започна во Атлетико Паранаенсе.
Лајпциг го донесе како замена за Бенјамин Шешеко, кој овој месец се пресели во Манчестер јунајтед во трансфер што би можел да достигне 85 милиони евра.
Лајпциг ја започнува новата сезона со Куп натпревар против четвртолигашот Зандхаузен во сабота, пред да го започне Бундеслигата, во првото коло ќе Лајпциг ќе игра против шампионот Баерн Минхен на 22 август.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Матиќ блиску до трансфер во Ајакс

Немања Матиќ го напушти Олимпик Лион, откако согодбено се раздели со клубот.
Според холандските медиуми, Ајакс бара искусен играч од средниот ред, а поранешниот капитен на српската репрезентација е една од опциите.
Менаџерите на Ајакс не се загрижени од фактот дека Матиќ има 36 години, а она што ги прави среќни е што тој би можел да дојде како слободен играч.
Покрај Ајакс, интерес за Матиќ покажа и Валенсија.
Foto/ EPA
Спорт
Челзи се отворени за преговори, Баерн го сака Нкунку

Баерн Минхен тргна по Кристофер Нкунку, а од Челзи е отворени за преговори.
Откако Штутгарт ги отфрли сите понуди за Нико Волтемаде, Баерн Минхен беше принуден да се сврти кон други цели, сега главна е Кристофер Енкунку.
Французинот долго време се поврзуваше со Баерн, но до денес немаше конкретни преговори.
Челзи сака да го продаде, Баерн се обидува да го заврши договорот како позајмица со право на откуп. Сепак, продажбата не е невозможна, особено поради фактот што Челзи е подготвен да преговара за сума до 40.000.000 евра.
Винсен Компани верува дека Енкунку може да биде одлична опција, кога во тимот долго време ќе го нбема повредениот Џамал Мусијала, но и подоцна како замена за Хари Кејн, бидејќи покрива повеќе позиции во нападот.
Тој беше поврзуван со Интер, но конкретни преговори меѓу двете страни немаше. Енкунку сака да се приклучи на Баерн и чека исход од преговорите со Челзи.
Фото/ Принтскрин