Спорт
Грузија елиминирана од Филипини
Кошаркарите на Филипини ја елиминираа Грузија на селекторот Александар Џикиќ од трката за Олимписките игри.
Иако Грузија победи со 96-94 во натпреварот од третото коло од квалификациите за групата Б1.
На Грузија и требаше победа од најмалку 19 бода за да се пласира во полуфиналето на квалификацискиот турнир во Рига.
Во средината на вториот дел избраниците на Џикиќ имаа плус 20 (40:20) и се чинеше дека можат да се пласираат во полуфиналето.
Грузијците паднаа во играта, а Филипини полека но сигурно ја намалуваа предноста за да стигнат до резултат 74:74 во последните 10 минути и потоа рутински да го приведат мечот кон крајот.
Џастин Браунли ги предводеше Филипини со 28 поени, Двајт Рамос постигна 16, Си Џеј Перез 14, а Крис Њусом постигна 13 поени.
Кај Грузија најефикасен беше Александар Мамукеласвили со 26 поени, Гога Битаџе 21, Торнике Шенгелија 17, Џо Томасон 14, Дуда Санадзе 13.
Летонија е победник во групата Б1 и во полуфиналето ќе игра со Филипини. Имињата на ривалите во полуфиналето на двете селекции ќе бидат познати по денешниот дуел помеѓу Бразил и Камерун, чиј расплет го очекува и Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА
Спорт
Погребан Диого Жота, соиграчите од Ливерпул дојдоа со венци во форма на дресови

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.
Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.
Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.
Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA