Спорт
Гудуриќ се врати во Фенербахче
Српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ се врати во Фенербахче, потврди клубот од Истанбул. Гудуриќ пред два дена доби отказ во Мемфиз Гризилс, поради што реши да се врати во Европа.
Гудуриќ од Фенербаче, пред две години, замина во НБА-лигата. Клубот објави дека тој потпишал договор до 2023 година.
Фенербахче има катастрофална сезона во Евролигата, во 15 натпревари имаат само пет победи. Синоќа, Фенербахче беше поразен од Жалгирис со 37 поени разлика.
Гудуриќ кариерата ја започнал во ФМП од Железник, а пред Фенербахче бил играч на Црвена звезда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кавани замина во пензија
Единсон Кавани (38), еден од најдобрите напаѓачи во изминатите 15 години, објави дека ја заврши својата импресивна кариера.
Во богатата кариера, Кавани играше за својот Данубио, потоа стана легенда за Палермо и Наполи, бидејќи играше во Италија шест години, а потоа направи трансфер во ПСЖ во летото 2013 година за 64.500.000 евра.
Помина цели седум години во Париз, ги освои сите можни трофеи, освен Лигата на шампионите, а потоа играше за Манчестер Јунајтед и Валенсија, пред да замине во Бока Јуниорс, што е неговиот последен клуб.
Кавани е и легенда на уругвајската репрезентација, за која одигра 136 натпревари и постигна 58 гола.
Ако се погледне неговата клупска кариера, тој одигра дури 745 натпревари и постигна неверојатни 404 гола со 79 асистенции.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Ѓимшити го честеше Интер за Нова година, нероазурите ја победија Аталанта
Фудбалерите на Интер ја победија Аталана, во Бергамо со 1:0 и се вратија на челната позиција цо Серија А. Годината Интер ја заврши со 36 бода, еден повеќе од Милан и дваод актуелниот шампион Наполи.
Интер не блескаше, но во Бергамо го искористи подарокот на Берат Ѓимшити. Дефанзивецот на Аталанта, во 65-та минута дозволи Лаутаро да го „пресече“, неговото нелогично додавање.
Аргентинецот потоа го проигра Еспозито, втрча во шеснаесетникот, се понуди, ја доби топката од соиграчот и рутински ја реши ситуацијата.
🇮🇹 Atalanta 0-1 Inter | Lautaro Martínez 65' pic.twitter.com/vXHyGqNsoA
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 28, 2025
Foto/ depositphotos
Спорт
Ракометарите загубија во Пореч од Хрватска
Ракометната репрезентација на Македонија доживеа пораз во првиот контролен меч, пред Европското првенство. Во Пореч, Хрватска ја победи Македонија со 26:23 (14:11).
Македонија имаше предност во воведните пет минути (3:2), потоа Хрватите започнаа да ја диктираат играта, благодарение на одличниот голман Дино Славиќ и нереализиранбите три седмерци, дојдоа до предност од четири гола. Разликата на полувремето беше три гола за домаќинот.
На почетокот на вториот дел Хрватите ја достигнаа највсоката предност, од пет гола. Македонија успеа да се врати во мечот, во 49.минута дојде до гол негатива (20:19).
Сепак некои избрзани одлуки во нападот и голманот Славиќ на крајот и ја донесоа победата на Хрватска.
Дино Славиќ беше најдобриот играч на теренот со 15 одбрани.
Никола Митревски запиша 11 одбрани за македонскара репрезентација, додека Филип Кузмановски постигна седум гола, но од 15 обиди.
Foto/ VANESA PANDZIC Cropix

