Спорт
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули

Манчестер сити од 21:00 часот гостува кај Тотенхем во 34.коло од Премиер лигата. Сити моментално е втор со бод зад Арсенал и потребна е победа за да скокне на првото место. Тотенхем е петти и најверојатно ќе остане на таа позиција бидејќи Астон Вила моментално заостанува пет бода зад нив.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола пред натпреварот зборуваше за медиумите за тоа дали доминацијата на Сити е здодевна и објасни дека парите не се единствената причина за успесите што ги постигнува Сити.
„Досадно е? Не, тешко е затоа што знаете што се случувало претходно? Ппарите. Ако се работеше за пари, Манчестер Јунајтед требаше да ги освои сите титули. Останатите. Челси! Сите титули. Арсенал. Сите титули! Бидејќи тиа, во последните пет сезони потрошија повеќе пари од нас.. Тие треба да бидат таму, а не се“, рече Гвардиола и додаде.
„Од истата причина Џирона не треба да биде во Лигата на шампионите следната сезона и Лестер никогаш не би можел да ја освои Премиер лигата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Недеви на карате семинар во Виндзор, Англија

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија.
Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски шампион во традиционално карате во ИАКФ/ИТКФ. Масао Кавазое 8 дан, шеф инструктор на Англија и Такаши Наито 8 дан, шеф инструктор на Италија.
Сите тројца се врвни карате мајстори членови на ИТКФ и ЈКА едни од првите и најмасовните карате организации во светот. Дејан Недев и овој пат беше еден од главните асистенти на карате семинариот во Винзор. На семинарот учествуваат над 500 каратисти од цел свет, а Македонија ја преставуваат: Камелија, Филип и Тадеј Недеви.
Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.
Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.