Спорт
Гвардиола дал зелено светло Сити за трансферот на Коби Мејну

Пеп Гвардиола дал зелено светло за трансфер помеѓу два клуба од Манчестер, тврдат англиските медиуми. Низ историјата речиси и да немало трансфери меѓу клубовите од Манчестер.
Трансфер на играч од Сити во Јунајтед или обратно немало уште од 1999 година, кога Тери Кук од Јунајтед се пресели во Сити. Претходно голманот Тони Котон се пресели од Манчестер сити на „Олд Трафорд“ во 1996 година.
Тој никогаш не одигра ниту еден настап во Премиер лигата за Манчестер јунајтед, бидејќи Питер Шмајхел беше брилијантен на голот.
Трансфер меѓу двата клуба може да има веќе во зимскиот преоден рок. Наводно Пеп Гвардиола им одобрил на челниците на Манчестер сити да го реализираат трансферот на Коби Мејну.
„Одличениот млад фудбалер сè уште чека на својот прв старт во Премиер лигата оваа сезона, а тоа многу го фрустрира“, пишуваат медиумите во Англија.
Мејну сакаше да оди на позајмица пред да заврши преодниот рок, но тоа на крајот не се случи.
Сега Манчестер Сити сака да го доведе на Етихад, а тоа би бил навистина шокантен трансфер за овој играч кој има 20 години.
Пеп Гвардиола, човек кого многумина го сметаат за еден од најдобрите тренери во светот, гледа голем потенцијал во Мејну.
„Начинот на игра на Мејну е нешто што го воодушевило Гвардиола и тој верува дека неговиот систем на игра би се вклопил совршено во Сити“, тврдат новинари од Англија.
Иако трансферите помеѓу Манчестер сунајтед и Манчестер сити се многу ретки, Гвардиола верува дека постои шанса трансферот да биде реализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса веќе знае на кого ќе потроши 35 милиони евра следното лето

Преодниот рок наредната година ќе биде многу важен за Барселона, која мора да реши голем број клучни проблеми во тимот.
Веќе сега е јасно дека наредното лето, Барселона ќе мора да донесе централен дефанзивец и напаѓач. Исто така клубот треба да донесе донесе и одлука околу статусот на Маркус Рашфорд, кој моментално е на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Рашфорд пристигна во Каталонија на едногодишен договор за позајмица со опција за откуп, за кој се верува дека е околу 34,5 милиони евра.
На почетокот на сезоната, во првите два месеци, Рашфорд покаѓа дека би бил добра инвестиција, доколку Барселона реши да го откупи неговиот договор.
Рашфорд одигра 10 натпревари со три гола и пет асистенции. Неговите настапи ги импресионираат челниците на Барселона, кои веќе се подготвени да донесат одлука за негови траен ангажман, пишуваат англиските медиуми.
Спорт
Тајсон Картер страда од белодробна тромбоемболија

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ги потврди лошите вести поврзани со плејмејкерот Тајсон Картер.
Американецот вчера бил хоспитализиран во Белград, а клубот потврди дека тој страда од белодробна тромбоемболија, што значи дека ќе има подолга пауза и закрепнување надвор од теренот.
Како што објави неговиот тим, по натпреварот со Фенербахче, Картер се пожалил на болки во градите и стомакот, како и на отежнато дишење.
Брзата реакција на медицинскиот персонал и стручниот штаб била клучна, а играчот веднаш беше префрлен во Клиничкиот центар, каде што му била дијагностицирана белодробна тромбоемболија.
Клубот му се заблагодари на Клиничкиот центар за брзата и професионална интервенција. Во моментов нема прецизна прогноза кога Картер би можел да се врати на теренот, бидејќи го очекува период на лекување и целосно закрепнување.
Белодробна емболија се јавува кога згрутчување на крвта (тромб), обично од длабоките вени на нозете (т.н. длабока венска тромбоза), се откинува и стигнува до белите дробови преку крвотокот. Потоа згрутчувањето блокира дел од пулмоналната артерија, така што тој дел од белите дробови повеќе не може да добие доволно крв и кислород.
Булмоналната емболија е сериозна состојба која бара строг одмор и терапија, а здравствената состојба на американскиот плејмејкер редовно ќе се следи.
Црвена зведа, во Евролигата, во вторник е четврток ќе ги пречека Жалгирис и Реал Мадрид.
Спорт
Почина Илија Темелковски

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.
Како селекторт на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она што е позначајно, тука започна континуитет на учествоото на големите натпреварувања кој трае до денес.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Фото: РФМ/Фејсбук