Спорт
Гвардиола: И другите клубови трошат многу пари, не трошиме само ние
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, повторно се огласи по повод критиките кои на сметка на неговиот клуб доаѓаат од сите страни откако Судот за спортска арбитража ја поништи казната на УЕФА.
Сити се спасија со одлуката на Судот во Лозана и наместо суспензија од две години и 30 милиони евра парична казна, ќе мора во касата на УЕФА да уплатат само 10 милиони евра.
Жозе Мурињо, Јирген Клоп, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, беа најгласни во критиките кон клубот од „Етихад“.
Гвардиола повторно зборуваше за финансиската моќ на дугите клубови.
„Го сакавме Алексис Санчез, не можевме да си дозволиме да го донесеме, го сакавме и Хари Мегваер, не можевме финансиски да си дозволиме да го донесеме и него, не можевме да платиме колку што можеше да плати Манчестер јунајтед. Ние имаме пари, но пари имаат и други клубови. Дали во изминатата деценија потрошивме повеќе отколку во минатото? Потрошивме, но пред 20, 25 или 30 години Арсен Венгер, кој жестоко се залага за финансискиот фер-плеј, потроши многу повеќе пари за да биде на врвот. Тоа го прават сите клубови кои сакаат да бидат на врвот“, рекол Гвардиола.
Инаку, Гвардиола во тренерската кариера, во текот на 11 сезони во Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити, на засилувања потрошил неверојатни 1,3 милијарди евра.
Најмногу пари потрошил како менаџер на „граѓаните“. Од 2016 година Манчестер сити на нови играчи издвоиле 762,3 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

