Спорт
Гвардиола нема да се противи на трансферот на Силва во Барселона

Барселона веќе подолго време е заинтересирана да го доведе Бернард Силва од Манчестер сити. Каталонците кои се во финансиска криза се надеваат дека, слично како и при трансферот на Феран Торес, дека ќе добијат помош од поранешниот тренер Пеп Гвардиола.
Португалскиот фудбалер не крие дека би сакал да го напушти Манчестер, Гвардиола неколку пати порача дека доколку некој не е среќен во тимот, нема потреба да го држи тука со сила.
„Денес мислам дека Бернардо Силва и следната сезона ќе биде во Сити. Сепак, секогаш повторувам, не ми се допаѓа идејата даимам играч кој не е среќен во мојот клуб. Во тој случај ниту една страна не може да биде задоволна“, изјави Гвардиола.
Барселона би можела да го искористи тоа и конечно да го донесе во своите редови. Несомнено е дека напаѓачот би бил големо засилување за каталонскиот клуб.
Силва играше за Бенфика и Монако, пред да пристигне во Манчестер сити во 2017 година. Со Сити, за кои одигра 251 натпревар, имаше многу успеси, освои четири титули во Премиер лигата, постигна 48 гола и забележа 51 асистенција.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека Каталонците чекаат да го продадат Де Јонг, за да испратат официјална понуда за Силва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Канело го претепа противникот и ја одбрани титулата

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез ја одбрани титулата во супер велтер категорија. Tој на поени го победи Жермел Шарло.
Канело славеше во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите – 119:108, 118:109 и 118:109.
Мексиканецот го нокаутира Шарло во седмата рунда на патот до неговата 60. победа во 64 борби во кариерата.
Canelo makes Charlo take a knee in round 7🤯
— 🌴ᴛʜᴇᴀʀᴛᴏꜰᴡᴀʀ🌴 (@TheArtOfWar6) October 1, 2023
Спорт
Баскиското дерби му припадна на Реал Сосиедад

Реал Сосиедад го доби дербито на Баскија и го скокна Атлетик Билбао на табелата. Во Сан Себастијан, Сосиедад го победи Атлетик со 3:0.
Баскиското дерби донесе динамичен фудбал, а победи екипата која знаеше да ги искористи своите шанси.
Серијата ја отвори дефанзивецот Ле Норман во 29.минута, кога добро реагираше по центашутот на Меднез.
Вториот дел започна со шансата за Атлетик, која не ја реалзиира Ињаки Вилијамс. Казната следуваше во наредниот напад. Таке Кубо зголеми на 2:0 со својот петти гол оваа сезона.
Точка на натреварот стави Ојерзабал, по одличното додавање на Зубименди.
Сосиедад се искачи на четвртото место со 15 поени, еден повеќе од Атлетик.
Спорт
(Видео) Лаутаро шоу во Салерно – Покер голови на Аргентинецот

Лаутаро Мартинез го врати Интер на делба на првата позиција во Серија А. Аргентинецот го предводеше Интер до шестата победа во седмиот натпревар сезонава. Ги постигна головите во триумфот на Интер кај Салернитана со 4:0 (0:0).
За првиот покер голови во кариерата на Лаутаро Мартинез му беа потребни 27.минути во последната третина од натпреварот. Аргентинецот натпреварот го почна како резерва, на теренот влезе во 54.минута и го започна своето шоу.
Првиот гол го постигна во 62. минута на асистенција на Тирам, а потоа го удвои водството во 77. минута кога Барела му ја додаде топката.
Тој постигна хет-трик во 85. минута кога реализираше пенал, за конечните 4:0 да ги постави во 89. минута кога му асистираше Карлос Аугусто.