Спорт
Гвардиола: Немам причина да си одам од Сити
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека во Сити може да остане уште 5 години. Тој се огради од изјавите дадени на бразилскиот инвестициски форум.
Таму Шпанецот рекол дека ќе му биде потребен одмор кога ќе му истече договорот во 2023 година и размислува за преземање на репрезентацијата.
„Не размислувам за заминување по 2 години. Можам да си одам и по 2 месеци ако резултатите на клубот не се добри или, пак, ако во клубот не се задоволни од мојата работа. Можам да си одам за 2 месеци или за 5 години. Моментно, немам причина да го напуштам Сити“ – вели Гвардиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Правилото за екстремни услови го спаси Синер од елиминација
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се осврна на проблемите што ги имаше во мечот со Елиот Спичири.
Синер го мачеа грчеви, имаше проблем со движењето, повраќаше, сè додека не се затвори покривот на „Род Лејвер“. Потоа успеа да направи пресврт и да слави со 3-1 во сетови.
„Денес беше премногу жешко. Почнав да добивам грчеви во третиот сет, но потоа полека исчезнаа. Малку подобро го познавам своето тело и се обидувам да ја разберам ситуацијата во тој момент. Имав среќа. Кога го затворија покривот, требаше време. Се обидував да се опуштам и тоа помогна. Исто така, го променив начинот на кој играм одредени поени“, рече Синер.
Го прашаа што правел во соблекувалната.
„Ништо. Бев сам. Немаше третман. Не можете да добиете третман во тој момент. Само се истегнав и легнав пет минути обидувајќи се да ги опуштам мускулите. Се чини дека функционираше. Малку ја намалив телесната температура и тоа е тоа. Нема многу работи што можете да ги направите. Времето брзо минува, но ми помогна, тоа е сигурно“, рече Италијанецот.
Синер ќе игра против Лусијан Дардери во осминафиналето.
Foto/ EPA
Спорт
Лука го засили Нотинген Форест
Лоренцо Лука е пристигна во Нотингем, потврди клубот на својата веб-страница.
Лука дојде од Наполи на позајмица, а англискиот клуб има опција за откуп во текот на летото. Останува да се види дали ќе може да ги задоволи челниците на двократниот европски шампион.
Италијанскиот напаѓач беше најдобар стрелец на Удинезе со 14 гола минатата сезона, што му овозможи трансфер во редовите на актуелниот шампион на Италија.
Сепак, немаше многу минути во Неапол. Постигна само два гола на 23 натпревари за вкупно 614 минути на теренот.
Сега тој пристигна во Англија во потрага по минути и голови. Тој би можел да му помогне на Нотингем, кој се мачи со ефикасноста оваа година, најмногу поради повредата и операцијата на најдобриот стрелец од минатата сезона, Крис Вуд.
Foto/ depositphotos
Спорт
Хрватска со победа ја отвори главната фаза на ЕП
Хрватските ракометари ја отворија главната фаза на Европското првенство со победа над Исланд – 30:29 (19:15).
Избраниците на Дагур Сигурдсон водеа од самиот почеток на натпреварот и успешно ги одбиваа нападите на Скандинавците во текот на целиот натпревар. Првото полувреме го затворија со серија од 3:0 и стигнаа до најголеми плус четири.
Омар Магнусон реши да ги земе работите во свои раце и со пет гола во второто полувреме успеа да ја намали предноста на Хрватите на само еден гол разлика.
Тоа не ги поколеба трикратните сребрени медалисти од првенствата на Стариот континент, кои повторно избегаа на безбедно растојание и обезбедија многу важен триумф.
На крајот сепак им дозволија на Исланѓаните да постигнат два брзи гола, што на крајот може скапо да ги чини доколку се формира круг со три или повеќе репрезентации со ист број на бодови, кога ќе се гледа гол-разликата.
Матео Мараш и Звонимир Срна ја предводеа Хрватска. Првиот постигна седум, вториот шест гола. Одличен беше и голманот Кузмановиќ, кој одбрани три седмерци.
Од друга страна, се истакнаа Магнусон и Один Рикардсон, кои броеја до осум.
Хрватите ќе се сретнат со Швајцарија, Словенија и Унгарија до крајот на Главната рунда.
Доколку се најдат меѓу првите две нации во групата, ќе обезбедат место во полуфиналето.
Foto/ EPA

