Спорт
Гвардиола: Немаме шанси да ја освоиме титулата

Пеп Гвардиола, вчера во Лестер 500. пат во кариерата седеше на клупата на Манчестер сити. „Граѓаните“ славеа со 2:0, ја прекинаа серијата лоѓши резултати и по пауза од два месеци славеа на гостински терен.
Сити се на петтото место во Премиер лигата, зад лидерот Ливерпул заостануваат 14 бодови.
„Премногу сме далеку од освојување на Премиер лигата“, изјави Гвардиола за Би-Би-Си.
„Го прифативме фактот дека немаме шанси за титула, но имаме за што да се бориме на останатите фронтови, во ФА Купот, да бркаме место во најдобрите четири екипи во лигата… За почеток, тоа помага кога победувате“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо и Мане блеснаа во големата победа на Ал-Наср против Ал-Итихад

Кристијано Роналдо постигна гол, а Ал-Наср ги демонстрира своите шампионски амбиции со победа од 0-2 како гостин против главниот конкурент за титулата во Саудиска Арабија, Ал-Итихад, со што се искачи самостојно на врвот на табелата. Португалската ѕвезда се запиша во листата на стрелците во 35. минута и сега има вкупно 946 голови во својата кариера.
Друг херој за Ал-Наср беше Садио Мане. Сенегалецот го отвори резултатот уште во деветтата минута, а потоа асистираше за погодокот на Роналдо, кој со четири гола е втор на листата на стрелци, еден помалку од својот соиграч Жоао Феликс.
И двата тима влегоа во дербито со максимални девет бода по првите три кола.
Спорт
ВИДЕО: Неверојатниот Кејн го сруши рекордот на Роналдо и Халанд со 100. гол за Баерн

Хари Кејн сруши уште еден неверојатен рекорд , станувајќи најбрзиот играч што стигнал до 100 гола за клуб во првите пет европски лиги од 1992 година. Капитенот на Англија постигна два гола во убедливата победа на Баерн од 4-0 над Вердер.
Тимот на Венсан Компани поведе со голот на Џонатан Тах, Кејн го дуплираше водството кон крајот на првото полувреме откако реализираше пенал. Неговиот втор гол, неговиот 100-ти во дресот на баварскиот гигант, дојде во 65-тата минута со удар од блиску. Конрад Лајмер го зголеми резултатот на 4-0, а Баерн ја прдолжи серијата без пораз од почетокот на сезоната.
Со ова достигнување, 32-годишниот Кејн, кој се приклучи на Баерн од Тотенхем во летото 2023 година за 95 милиони евра (според Трансфермаркт), ги надмина некои од најголемите напаѓачи на денешницата. За да стигне до 100 гола, му беа потребни само 104 настапи, со што ги престигна претходните рекордери, Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо, за еден натпревар.
Хари Кејн (Баерн), 104 настапи, 100 гола
Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), 105 настапи, 100 гола
Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), 105 настапи, 100 гола
Луис Суарез (Барселона), 120 настапи, 100 гола
Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), 124 настапи, 100 гола
„Лудо е дури и за мене. Чест е да постигнам 100 гола за овој голем клуб. Да го направам тоа толку брзо, многу сум горд на тоа. Се надевам дека наскоро ќе стигнам до уште 100“, рече Кејн, користејќи ја можноста да ги негира гласините за враќање во Премиер лигата:
„Навистина сум среќен овде во Баерн. Имам уште две години од мојот договор. И искрено, уживам во секоја минута од тоа. Уживам играјќи овде пред навивачите. Уживам со тимот, менаџерот. Значи, воопшто не ми е на ум. Само се радувам на оваа сезона и се надевам дека ќе можеме да бидеме успешни.“
Кејн е во неверојатна форма во моментов, постигна 15 гола во само осум натпревари оваа сезона. Неговиот 100-ти гол дојде кратко откако постигна хет-трик во победата од 4-1 над Хофенхајм, со што стигна до 70 гола во Бундеслигата во 67 настапи, побрзо од кој било друг во историјата.
Тој го држи и рекордот за најмногу голови во првите 50 натпревари (54) и за најбрзо постигнати 50 гола (43 натпревари). Покрај тоа, реализираниот пенал во петокот значи дека бил прецизен со сите 18 шутеви од белата точка за баварскиот гигант.
Спорт
„Доаѓањето на 40-годишниот Модриќ е доказ дека Серија А губи вредност“

Џузепе Марота, претседателот на Интер, во петокот учествуваше на конференцијата на Универзитетот во Милано, на која рече дека италијанската фудбалска лига (Серија А) ја изгубила својата вредност, а како пример го наведе доаѓањето на Лука Модриќ на 40-годишна возраст.
„Серија А ја изгубила својата вредност и станала транзициско натпреварување во кое играчите се само минливи“, рече 68-годишниот Марота. Како пример, тој го наведе летниот трансфер на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ од Реал Мадрид во Милан. „Тој е вистински шампион кој дојде во нашата лига, но на 40-годишна возраст“, забележа тој.
Во својата анализа, тој се осврна и на стадионите во Италија, тврдејќи дека тие се застарени и „не обезбедуваат спектакл кој секогаш треба да биде со висок квалитет“.
„Во Милано ни е потребен модерен стадион со сите услуги“, рече Марота. Тој го наведе новиот стадион на Јувентус во Торино како позитивен случај, додавајќи дека затоа тој ривал има сигурна иднина.
Марота работеше во бројни италијански клубови како што се Јувентус, Сампдорија, Аталанта и Монца. Од 2018 година, тој е претседател на Интер, кој минатата сезона загуби во финалето на Лигата на шампионите со 0:5 од Пари Сен Жермен.
По четири кола од италијанското првенство, Наполи води со максимални 12 бода пред Јувентус и Милан. Интер е десетти на табелата со две победи и два порази.