Спорт
Гвардиола: Се надевам дека повредата на Родри не е сериозна
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надева дека повредата на играчот од средниот ред Родри, здобиена против Брентфорд во неделата, „не е премногу сериозна“.
Родри, освојувач на Златната топка во 2024 година, ја пропушти речиси целата сезона 2024/2025, поради сериозна повреда на коленото. Овој пат, тој го повреди задниот дел од десната нога и го напушти натпреварот во 22-та минута.
Шпанскиот репрезентативец (29) подоцна се врати на клупата со преврзана нога за да им помогне на своите соиграчи.
„Се надевам дека нема да биде ништо сериозно. Не го знам степенот на повредата, но се чини дека е во задната ложа“, рече Гвардиола на прес-конференција.
Настапот на Родри за Шпанија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година против Грузија и Бугарија сега е под знак прашалник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал во дербито ја победи Барселона
Реал Мадрид победи во 191-то „Ел Класико“. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ја совлада Барселона со 2:1.
На две различни полувремиња сведочеа гледачите на „Сантијаго Бернабеу“. Брилијантно прво полувреме, со многу шанси и бледо второ полувреме.
Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за домашната екипа поради наводен фаул од Ламин Јамал врз Винисиус. Сепак, по гледањето на видеото, одлуката беше поништена.
Десет минути подоцна, Мбапе постигна брилијантен гол. Додека играчите на реал славеа се огласи ВАР и го поништи голот поради милиметарски офсајд.
Во 21-та минута, Мбапе, по одличното додавање од Белингам, се најде сам пред Шчечин и ја затресе мрежата за водство на Реал.
Овој пат немаше офсајд. 12-ти гол на Мбапе оваа сезона, а веќе шести во натпреварите од „Ел Класико“.
Откако Реал пропушти неколку добри шанси, се истакна голманот на Барса Шчесни, казната дојде во 38-та минута. Грешката на Арда Гулер ја казни Фермин Лопес и израмни на 1:1.
Четири минути подоцна Реал ја врати предноста со голот на Белингем. Во 45-та минута Мбапе постигна гол, но беше во голем офсајд и резултатот остана 2:1.

Во вториот дел, Шчесни, најдобриот играч на Барселона, му одбрани пенал на Мбапе во 52-та минута. Во следниот напад Фермин Лопз промаши голема шанса за Барселона.
Од тој момент падна темпото во играта, Барселона ја презеде контролата врз топката, но немаше никаква продукција. Можеше Кунде да изедначи во 90-та минута, но лошо ја прими топката испратена од Јамал.
Во 98-та минута Шчесни го одбрани обито на Родриго од слободен удар. Пред истекот на натпреварот Педри го доби вториот жолт картон.
Foto/ EPA
Спорт
Сергеј го продолжи договорот со Ал Хилал
Сергеј Милинковиќ-Савиќ, нема да ја напушти Саудиска Арабија, потпиша нов договор со Ал Хилал.
Добро информираниот Фабрицио Романо известува дека Ал-Хилал и Сергеј Милинковиќ-Савиќ се договориле за сè и дека српскиот фудбалер останува дел од тимот предводен од Симоне Инзаги од клупата.
Милинковиќ-Савиќ ќе остане во Ал-Хилалал најмалку до 2028 година според важечкиот договор, а финансиските детали во моментов не се објавени.
Неговиот претходен договор истекуваше во јуни 2026 година.
Спорт
(Видео) Победа на Арсенал, пораз на Сити, Борнмут се втори на табелата
Фудбалерите на Арсенал го победија Кристал Палас (1:0) во деветто коло и ја зголемија предноста над конкурентите за титулата. Во истиот термин Манчестер сити загуби во Бирмингем од Астон Вола (1:0). По поразот на Сити, на второто место скокна Борнмут откако со 2:0 го победи Нотингем Форест.
Фудбалерите на Арсенал сигурно ќе ја задржат челната позиција во Премиер лигата. Во уште едно лондонско мини-дерби, „топџиите“ излегоа како победници и сега имаат седум победи во првенството и се лидери со 22 бода.
Што се однесува до дуелот со Кристал Палас, Арсенал победи со минимален резултат, 1:0.
Стрелец на тој единствен гол во натпреварот беше поранешниот ограч на Палас, Еберечи Езе, во 39-та минута.
Фудбалерите на Манчестер Сити им приредија непријатно изненадување на своите навивачи. Нивната средба исто така заврши со минимален резултат од 1:0.
Екипата на Астон Вила, не само што успеа да се одбрани на „Вила Парк“ туку и запиша победа над фаворизираниот тим од Манчестер.
Стрелец на тој единствен гол за екипата на Астон Вила беше Кеш во 19-та минута од натпреварот.
Matty Cash scores City pic.twitter.com/Wyy70M7tl6
— CHIDYE (@gentlechidye) October 26, 2025
Овој пораз на Манчестер сити го искористија играчите на Борнмут кои го победија Нотингем Форест со резултат од 2:0.
Борнмут поведе во 25-та минута преку Таверние, кој погоди директно од коренер. Конечниот резултат во 40-та минута го постави Крупи.
Драматичен меч на „Молињу“ одигра Вулверхемптон и Барнли. Гостите водеа со 0:2 со головите на Флеминг, Вулвс се вратија во натпреварот преку Ларсен од пенал и Мунеци. Во 95-та минута Барнли го шокира домаќинот со голот на Фостер.

