Спорт
Гвардиола се вклучи во трката за Ким Мин-Јае

Одличниот дефанзивец на Наполи, Ким Мин-Јае, по неверојатната сезона во Серија А е цел на најголемите европски клубови. Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен веќе подолг период го убедуваат дека нивниот проект е најдобар за Кореецот, но сега во играта се вклучува и европскиот шампион Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола сака да го има Кореецот во својот тим за следната сезона, со оглед дека сѐ уште има неизвесност околу доаѓањето на Јошко Гвардиол од Лајпциг.
Германските медиуми пишуваат дека Баерн Минхен договорил речиси сѐ со Ким Мин-Јае и дека го чека 1 јули, кога според договорот со Наполи ќе може да биде активирана отштетната клаузула. Но, сега конкуренцијата е значително посилна со Манчестер Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Грилиш го зеде култниот број во Евертон

Новото засилување на Евертон, Џек Грилиш, изјави дека сакал да оди само на едно место откако му се приклучи на клубот како позајмен играч од Манчестер сити.
Грилиш се пресели од Сити како позајмен играч во Евертон до крајот на сезоната и е шестото засилување на клубот од Ливерпул во летниот преоден рок.
Тој рече дека разговорите со менаџерот Дејвид Мојес биле одлучувачки да ја донесе одлуката за преселба на стадионот „Хил Дикинсон“.
„Пресреќен сум што потпишав за Евертон. Ова е голем клуб со одлични навивачи. Штом разговарав со менаџерот, знаев дека има само едно место каде што сакам да одам. Бев преплавен со пораки од навивачите на Евертон на социјалните мрежи, па затоа постои и таа страна од приказната и тоа е уште една причина зошто го избрав Евертон“, рече Грилиш, објави Би-Би-Си.
Грилиш го зеде дресот со број 18, кој го носеа легендата на клубот Пол Гаскоњ и Вејн Руни.
„Моите двајца омилени англиски играчи отсекогаш биле Руни и Гаскоњ. Штом знаев дека договорот е блиску, морав да проверам дали бројот 18 е достапен, што е совршено“, рече Грилиш.
Тој би можел да го има своето деби за Евертон во понеделник против Лидс во првото коло од Премиер лигата.
Во август 2021 година, Грилиш се пресели од Астон Вила во Манчестер сити за во тоа време британски фудбалски рекорд од 100 милиони фунти.
Тој играше за Сити во 157 натпревари, постигна 17 гола и освои три титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.
Спорт
Донарума: Одлуката на тренерот ми го скрши срцето

Џанлуиџи Донарума стави крај на својата епизода во ПСЖ. Голманот јавно објави и потврди дека ќе го напушти европскиот шампион до крајот на летниот преоден рок и дека потегот на Луис Енрике целосно го разочарал и му го скршил срцето.
Во претходните четири години, Донарума беше прв голман на ПСЖ и еден од најзаслужните што овој тим конечно стигна до титулата во Лигата на шампионите минатата сезона.
Сепак, на почетокот од подготовките за новата сезона, овој 26-годишник ги шокираше сите со одлуката да одбие продолжување на договорот, што беше јасен знак за ПСЖ дека мора да се ослободат од него што е можно поскоро.
Дека не сметаат на Донарума стана јасно кога Луис Енрике не го зеде во ростерот за мечот во Суперкупот на Европа. ПСЖ вечерва ќе игра против Тотенхем.
„Од првиот ден откако пристигнав во клубот, дадов сѐ од себе и надвор и на теренот за да го заслужам моето место на голот на ПСЖ. За жал, некој одлучи дека повеќе не можам да бидам дел од овој тим, што ме разочара и ми го скрши срцето“, рече Донарума и додаде.
„Се надевам дека ќе имам шанса уште еднаш да ги погледнам во очи навивачите на „Паркот на принцовите“ и да се збогувам со нив како што треба. Ако тоа не се случи, треба да знаете дека вашата поддршка ми значеше сè и никогаш нема да го заборавам тоа.“
„Сакам да им кажам на моите соиграчи дека тие се моето второ семејство и им се заблагодарувам за секоја битка, смеа и момент што го споделивме. Вие секогаш ќе бидете мои браќа. Играњето за овој клуб и живеењето во овој град беше голема чест за мене. Ти благодарам Париз“.
Спорт
Ова се двојките за плејофот во Лигата на шампионите

Познати се сите двојки од плејоф рундата за пласман во Лигата на шампионите. Победниците од овие два натпревари ќе се пласираат во главната фаза.
Првите натпревари се закажани за 19 и 20 август, а реваншите се играат една недела подоцна.
Сите двојки од плејофот на Лигата на шампионите:
Бодо Глимт – Штурм
Црвена звезда – Пафос
Ференцварош – Карабаг
Базел – Копенхаген
Селтик – Каират
Глазгов Ренџерс – Клуб Бриж
Фенербахче – Бенфика