Спорт
Гвардиола за 108 милиони евра ќе го донесе Лаутаро во Сити
Манчестер сити ја победи УЕФА и сега се подготвува да урва рекорди во преодниот рок. „Скај Спорт“ тврди дека Пеп Гаврдиола ќе добие најмалку 200 милиони евра за да обнова на тимот.
Како прва мета, како што тврди овој извор, клубот го нанишанил напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Аргентинецот кој неколку месеци се поврзува со Барселона, според тренерот Гвардиола би бил идеален наследник на 32 годишниот Серхио Агуеро.
Наводно Гвардиола бил подготвен да му исплати на Интер 108 милиони евра за репрезентативецот на Аргентина.
Доколку го реализира овој трансфер Лаутаро ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на клубот. Трансфер-рекордот во Сити го држи Кевин Де Брујне. За неговите услуги Волфсбург на Сити им наплати 76 милиони евра.
Исто така Гвардиола ќе се обидел да го донесе и Калиду Кулибали. Одбраната е најслабиот дел од овој тим на Сити, во преодниот рок ќе заминат Џон Соунс и Николас Отаменди. Кулибали би бил идеално засилување за „граѓаните“ но проблем претставуваат неговата цена, Наполи бара 100 милиони евра, интересот на Ливерпул и изјавата на фудбалерот дека е семејството е среќно во Наполи.
Она што е сигурно е дека Гвардиола го обезбедил потписот на 20 годишниот сонародник Феран Торес. Се претпоставува дека Валенсија за 20 годишникот ќе добиа 50 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.