Спорт
Гвардиола за Алонсо: Мене во Реал би ме отпуштиле по шест месеци
Пред големото дерби помеѓу Реал и Манчестер Сити, во Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола зборуваше за моменталната ситуација во која се наоѓа неговиот колега од спротивниот табор, Чаби Алонсо.
Не функционира сè како што треба во „Кралскиот клуб“, поразот од Селта во претходното коло го вклучи алармот, се шпекулира дека Алонсо е пред отказ.
„Тренирањето на Реал Мадрид е најтешката работа во светот на фудбалот.
Јас да ги имав резултатите од минатата сезона како тренер на Реал, ќе ме отпуштеа по шест месеци“, рече Гвардиола пред натпреварот.
Гвардиола и Алонсо се познаваат добро од времето кога работеа заедно во Баерн Минхен, кога тој го тренираше актуелниот тренер на Реал.
„Имам одлично искуство со него. Му посакувам се најдобро. Може да ги сврти работите во Реал“, додаде Пеп.
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рација во просториите на Фудбалската федерација на Аргентина
Аргентинската полиција спроведе голема рација во просториите на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА). Рации имало и во повеќе од 30 фудбалски клубови во оваа земја, а сето тоа поради сомневања за перење пари од големи размери зад кои стои финансиската фирма „Sur finanzas“.
Споменатата компанија е еден од главните спонзори на аргентинската „куќа на фудбалот“. Рацијата беше спроведена откако по наредба на федералниот судија Луис Армела се појавија видеа од униформирани полицајци кои влегуваат во просториите на здружението во главниот град Буенос Аирес.
Се прегледуваат документацијата и потпишаните договори, како и електронските датотеки.
„Sur finanzas“ минатата недела издаде соопштение во кое се наведува дека обвинувањата за перење пари се „неосновани“ и дека фирмата ги обезбедува своите услуги во согласност со законските прописи.
Покрај тоа што е спонзор на сите натпреварувања што се играат под покровителство на АФА, оваа компанија спонзорира и бројни клубови од првото и второто ниво на аргентинскиот лигашки систем.
Спорт
Ласо се договорил со Анадолу Ефес
Искусниот шпански тренер Пабло Ласо ќе стане нов шеф на тренерскиот штаб на Анадолу Ефес. Порталот „Баскетфул“, тврди дека тој договорил 18-месечна соработка со клубот од Истанбул. Според овој извр, Шпанецот ќе биде промофиран во нов тренер по дуелот што Ефес треба да го одигра со Валенсија.
Двократниот освојувач на Евролигата, неодамна остана без тренер откако Игор Кокошков беше отпуштен од должноста по серија лоши резултати.
Според извештаите, Ласо ќе го гледа во живо гостувањето на Ефес во Валенсија, а потоа треба да се врати во Истанбул со тимот, каде што ќе ги заврши сите формалности околу потпишувањето на договорот.
Договорот е од таква природа што двете страни можат да ја прекинат соработката на крајот од оваа сезона доколку резултатите не го задоволат Ефес, додека спротивното сценарио би значело дека Ласо би останал во Истанбул до летото 2027 година.
По 15 кола во Евролигата, Ефес има скор од 5-9 и е во група од пет екипи, кои имаат идентичен сооднос на победи и порази.
Foto/ depositphotos
Спорт
Њујорк Никс и Орландо Меџик во полуфиналето на НБА Купот
Кошаркарите на Њујорк Никс и Торонто Репторс се пласираа во полуфиналето на НБА Купот.
Њујорк Никс ги победија Торонто Репторс со 117:101 во четвртфиналето на НБА Купот.
Никс речиси го решија прашањето за победникот на полувремето, бидејќи ја добија втората четвртина со 34:13 и влегоа во второто полувреме со големи +17 (69:52).
Во второто полувреме, Никс ја одржаа својата предност и рутински го приведоа натпреварот кон крајот.
Џејлен Брансон ги предводеше Никс до победа со 35 поени, три скока и четири асистенции, а го следеше Џош Харт со 21 поен, шест скока и четири асистенции.
Кај Репторс се истакна Брендон Инграм со 31 поен со шест скока и асистенции и Џамал Шид со 18 поени и осум асистенции.
Вториот полуфиналист, кој ќе ги одмери силите со Њујорк Никс, е Орландо Меџик, кој ги победи Мајами Хит со 117:108.
Мајами добро го отвори натпреварот, стекна предност од 13 поени по првата четвртина (30:17), но Орландо се врати во игра во текот на втората четвртина, кога заостануваше само еден поен.
Следеше пресврт во средината на второто полувреме, Орландо поведе и не ја испушти предноста до крајот на натпреварот.
Орландо до победата го предводеше Дезмонд Бејн со 37 поени, шест скока и пет асистенции.
Кај Мајами се истакна Норман Пауел со 21 поен и седум скока, поен помалку постигна Тајлер Хиро.

