Контакт

Спорт

Гвардиола за Ф1-трката во Абу Даби: И двајцата се прваци, но некогаш успехот не зависи од вас!

Објавено пред

Макс Ферстапен во неделата во инфаркт-завршница во Абу Даби во последниот круг го престигна Луис Хамилтон и стигна до првата своја шампионска титула во летечкиот циркуз.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, имаше свој комантар за лудата завршница во последната Ф1-трка сезонава, кој се споделува на социјалните мрежи.

„Ферстапен и Хамилтон се неверојатни шампиони, но некогаш успехот не зависи од вас. Понекогаш нешто друго одлучува дали ќе сте шампион или не. Двајцата се прваци. И во фудбалот е слично. ВАР или некоја лоша одлука на судијата може да пресуди да не победите. Од неделната трка заклучивме дека е најважно да се знае дека секогаш мора да се борите. Сѐ што треба да направите е она што го прави Рахим Стерлинг на нашите последни натпревари“, вели Гвардиола.

Спорт

Австралија слави – Барти ќе се бори за трофејот на АО

Објавено пред

Ешли Барти, на големо задоволство на фановите во Мелбурн, избори пласман во финалето на Австралија опен. Светската број 1 за само 62 минути, во полу-финалето ја победи Медисон Киз со 6/1, 6/3. Барти на патот до финалето не загуби ниту еден сет.

Ешли Барти, во кариерата има освоено две гренд-слем титули (Ролан Гарос 2019), Вимблдон 2021), сега е на добра пат да стане првата Австралијка со трофеј на домашниот гренд-слем по повеќе од четири децении.

Последен пат финалистка во Мелбурн парк, Австралија имала во 1980 година (Венди Тумбул).

Барти за титулата ќе се бори против победничката од второто полу-финале, во кое ќе се сретнат Американката Даниел Колинс и Ига Швјонтек од Полска.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рангник ќе остане менаџер на Манчестер јунајтед

Објавено пред

Манчестер јунајтед се блиску до одлуката да му ја доверат менаџерската позиција на Ралф Рагник, тврдат британските медиуми. За потсетување, Германецот, во декември минатата година го наследи Оле Гунар Солскјер. Тој тогаш доби статус привремен менаџер, договори со клубот по завршувањето на сезоната да стане советник во клубот.

Манчестер јунајтед со Рангник, шест победи, три нерешени и еден пораз во Премиер лигата. Тимот, се врати во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Клупските челници биле задоволни од резултатите и играта, поради што биле многу блиску до одлуката да му понудат постојан договор на Рангник.

Носењето на конечната одлука сигурно ќе зависи и од тоа како ќе се одвиваат преговорите со кандидатите за позицијата на која сега се наоѓа Германецот. Три имиња најчесто се поврзуваат со Манчестер јунајтед: Маурисо Покетино од ПСЖ, тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг и актуелниот селектор на Шпанија, Луис Енрике.

Прикажи повеќе...

Спорт

Протест пред „Гудисон парк“: Не го сакаме Переира, го сакаме Лампард

Објавено пред

Незадоволни од потезите што ги влечат клупските челници, навивачите на Евертон, синоќа протестираа пред „Гудисон парк“.

Навивачите барале Надзорниот одбор да замине од клубот. На еден од транспарентите пишувало: „Си го сакаме назад нашиот клуб“. На крајот тие фрлиле боја преку сликата на сопственикот, Бил Кенрајт.

Исто така, јасно го искажале ставот дека не сакаат Португалецот Витор Переира да биде новиот менаџер.

„Не го сакаме Переира, го сакаме Лампард“.

Евертон игра лошо оваа сезона, се наоѓа на 16.место на табелата со само 19 поени. Поради лошите резултати, пред десет дена отказ доби менаџерот Рафа Бенитез.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ20 минути

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа21 минута

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија2 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа3 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа4 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија17 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија17 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија19 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија20 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ20 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија22 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ23 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија23 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ24 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет1 ден

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет1 ден

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Досие