Спорт
Хабиб ќе добие 6 милиони долари за саботниот меч!

Хабиб Нурмагомедов ќе добие фантастични 6 милиони долари за одбраната на титулата во лесна категорија на УФЦ 242 против Дастин Поарие, едно од најголемите исплати во ММА историјата, со што уште еднаш ја потврдува својата улога на прва ѕвезда на спортот.
30-годишниот Нурмагомедов доби 2 милиони долари за победата над Конор Мекгрегор на УФЦ 229 минатиот октомври, а сега неговиот татко и тренер, Адбулманап вели дека сега ќе добие најмалку тројно повеќе.
„Ќе заработиме три до три и пол пати повеќе од претходниот меч. Веќе не се бориме за ситни пари, знаеме колку вредиме. Тоа не е доволно, бидејќи сега сме најдобрите. Ги победивме најдобрите и сега сме подготвени и популарни“, вели Адбулманап Нурмагомедов за руската новинска агенција „ТАСС“.
Непоразениот Хабиб на отворениот тренинг во средата изјави дека Поарие е „многу тежок противник“.
„Не сакам да го потценам, бидејќи има големо искуство. Но, кога ќе влеземе во кафезот почитта завршува и планирам да го уморам и да го победам“, изјави Хабиб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Усик го нокаутира Дубоа, стана апсолутен шампион во тешка категорија

Foto/EPA
Олександар Усик (38) стана апсолутен шампион во тешка категорија по втор пат во својата кариера. Го нокаутираше Даниел Дубоа во петтата рунда и ја забележа 24-та победа во професионалнаат кариера. Како и во првиот меч од 2023 година, Усик го победи Дубоа со нокаут и повторно ги обедини четирите големи титули во боксот.
Олександр Усик го нокаутираше Даниел Дубов во петтата рунда од борбата пред повеќе од 70.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Усик го контролираше ритамот од почетокот на мечот, а клучниот момент дојде во петтата рунда кога два пати го нокаутираше британскиот предизвикувач.
По вториот нокаут, Дубоа не можеше да стане, па судијата ја прекина борбата на 1:52 пред крајот на рундата.
Со оваа победа, 38-годишниот Украинец уште еднаш ја потврди својата доминација во тешка категорија.
USYK STOPS DUBOIS IN 5#UsykVsDubois pic.twitter.com/wKRAhiBghK
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) July 19, 2025
Спорт
Де Брујне ќе ја носи „десетката“ на Марадона

Во Наполи, Кевин де Брујне ќе има чест да го носи „десетката“ на Марадона, која еднаш беше повлечена од употреба.
Белгиецот го коментираше овој потег на клубот, и како што вели не можел да поверува.
„Да ви ја кажам вистината, на почетокот бев малку изненаден, бидејќи бев убеден дека дресот е повлечен, но во секој случај ми е чест да го носам. Клубот навистина ме почести со тој гест, а во исто време ми даде и поголема одговорност“, рече поранешниот играч на Манчестер сити.
По 10 години, Де Брујне го напушти Манчестер сити и се пресели во Наполи, и како што наведува, нема да чувствува поголем притисок поради „десетката“ на грбот.
„Марадона е Марадона, еден од најголемите играчи на сите времиња, легенда на играта, синоним за Наполи. Благодарен сум и горд, но јас сум, јас. Ќе се обидам да ја завршам мојата работа тука најдобро што можам и се надевам дека ќе донесам радост во клубот и тимот, градот и навивачите“.
Спорт
Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Марсеј

Сега е официјално. Искусниот напаѓач од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг ја напушти Саудиска Арабија и тимот на Ал Кадиш по само една година и се врати во Франција.
Обамејанг веќе го носеше дресот на Марсеј во периодот од 2023 до 2024 година. Обамејанг потпиша двегодишен договор со францускиот гигант, тој беше голема желба на спортскиот сектор и тренерот Роберто Де Зерби.
Во својата кариера, Обамејанг го носеше дресот на Милан, Дижон, Лил, Монако, Сент Етјен, Дортмунд, Арсенал…
Foto/ EPA