Спорт
Халанд е најдобар напаѓач, Мартинез ја доби наградата „Лав Јашин“,
Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез ја освои наградата „Лав Јашин“, за најдобра голман, а на Норвежанецот Ерлинг Халанд му припадна наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец, на гала церемонијата на 67. издание на „Златната топка“, која ја доделува „Франс фудбал“.
Мартинез беше фаворит со оглед на фактот дека со Аргентина ја освои мундијалската титула на Мундијалот во Катар.
Зад него следуваа Бразилецот Едерсон, а потоа Јансин Бону, Тибо Куртоа, Марк-Андре Тер Штеген, Андре Онана, Доминик Ливаковиќ, Арон Рамсдејл, Мајк Мењан и Брис Самба.
На Мартинез наградата му ја врачи татко му, кој беше во салата.
Мартинез со свирежи ја доби наградата. Французите кои беа во салата не заборавија како се однесуваше по финалниот меч во Катар, а и како го навредуваше Мбапе на прославата на титулата во Буенос Аирес.
Немаше никаква дилема дека наградата за најдобар напаѓач, која го носи името на легендарниот Германец Герд Милер. Нејзин лауреат е Норвежанецот Ерлинг Халанд, фудбалер на Манчестер сити, кој постигна 52 гола на 53 натпревари. .
Зад себе ги остави Килијан Мбапе, Хари Кејн, Лионел Меси и Роберт Левандовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

