Спорт
Халанд испорача покер голови во мрежата на Херта

Ерлин Халанд, во сабота, ја доби престижната награда „Голден Бој“, па самиот се почести со четири гола против Херта во Берлин.
Дортмунд славеа во Берлин со 5:2, а Халанд постигна голови во 47, 49, 52 и 79 минута. Уште еден гол за „милионерите“ постигна Рафаел Гереиро.
Со оваа победа Дортмунд се искачија на второто место на табелата со 18 поени, лидер е Баерн со поен повеќе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Малку судијата, малку Винисиус – Реал го победи Хетафе

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Хетафе како гости со минимален 1:0, во деветтото коло од Ла Лига.
„Кралскиот клуб“ успеа да ја задржи лидерската позиција пред „Ел Класико“, која ја држи со 24 бода, два повеќе од Барселона.
Сè беше решено во последните 15 минути, кога системот на Хетафе се распадна, а Килијан Мбапе стана херој на гостите.
Иако, тој епитет можеше да го носи и Винисиус, кој успеа да изнуди два црвени картони од играчите на Хетафе за само седум минути.
За првиот ќе се полемизира во Шпанија, но судијата не ја смени одлуката. Ветеранот, Алан Нијом доби директен црвен картон помалку од една минута откако влезе во игра поради старт врз Бразилецот.
Nyom agrede a Vinicius sin ninguna opción de disputar el balón y no se le vaya en velocidad = 🟥 DIRECTA
Al final Munuera Montero nos pita algo decente y aplica el reglamento. #GetafeRealMadridpic.twitter.com/wBeQyP4Yl1
— Joker Laporta 🃏 (@JokerLaporta) October 19, 2025
Тоа беше во 77-та минута, а веќе во 80-та минута, Мбапе ја избегна офсајд стапицата и ја искористи асистенцијата на Арда Гулер.
Самоуништувањето на Хетафе го комплетираше Алекс Санкрис во 84-та минута, кога заработи втор жолт картон, исто така поради старт врз Винисиус.
Домашниот тим, со двајца играчи помалку во судиското продолжение, речиси успеа да израмни, но Тибо Куртоа го собори голманот на Абу Камара.
Спорт
(Видео) Леао го крена Милан на челната позиција во Серија А

Во последниот неделен дуел во Серија А, Милан ја победи Фиорентина благодарение на пенал во самиот финиш од натпреварот. Милан победи по пресврт, 2:1, а херој беше Рафаел Леао, кој ги постигна двата гола за Росонерите.
Во првото полувреме немаше голови, а најдобрата шанса во овој дел од натпреварот ја имаше Страхиња Павловиќ кој по слободен удар имаше можност да шутира, се обиде од блиску, но топката помина преку пречката.
А потоа, во 55-та минута, Фиорентина поведе. Робин Гусенс стигна до одбиената топка и постигна гол.
Радоста на гостите не траеше долго. Страхиња Павловиќ испрати добра топка, Рафаел Леао изгради позиција и испрати вистински проектил и постигна гол за израмнување.
Милан се закани и во 76-та минута преку Сантијаго Хименез, но немаше промена на резултатот. И потоа целосна драма во 81-та минута кога Хименез беше тој што падна во шеснаесетникот.
Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, а неколку минути подоцна отиде да ја погледне снимката и ја промени одлуката.
Во 86-та минута, Леао го совлада Давид де Хеа и му донесе на Милан целосен пресврт на овој натпревар.
Со оваа победа, петта во сезоната, Милан го зазеде првото место на табелата со бод повеќе од Интер, Наполи и Рома. Фиорентина продолжува да се мачи, сега имаат четири порази и три нерешени резултати и се на 18-то место на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
Ферстапен победи во Остин, се врати во трката за шампионската титула

Макс Ферстапен ја забележа чеврттата победа во последните пет години на трката за Големата награда на САД. Ферстепн стартуваше од пол-позицијата и рутински славеше.
Стратот беше најинтересен, Ферстапен ја задржа првата позиција, а Леклер го мина Норис на второто место. Возачот на Ферари имаше различна стратегија од сите останати, на крајот во 51-от круг потклекна пред нападот на Норис.
Одличниот викенд за Ферари го надополни Хамилтон кој заврши на четвртото мести. Лош викенд имаше лидерот во генералниот пласман, Пјастри. Вчера не го заврши спринтот, во трката го освои петтото место.
Зад најдобрите пет пласман изборија: Џорџ Расел (Мерцедес), Јуки Цунода (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Заубер), Оли Берман (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Во последните пет трки од првата позиција влегува Пјастри со 346 поени, 12 повеќе од тимскиот колега Ландо Норис и 40 од актуелниот шампион Ферстапен.
Интересное е во борбата за втората позиција кај конструкторите. Мерцедес е втор со четири поени повеќе од Ферари и 10 од Ред Бул.
Наредната трка се вози на 26.октомври во Мексико.
Foto/ EPA