Спорт
Халанд на пат кон „Олд Трафорд“

Тинејџерската сензација од Салцбург Ерлинг Халанд кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Норвешките и австриските медиуми тврдат дека Халанд бил на пат кон „Олд Трафорд“ и дека трансферот наскоро ќе бил реализиран.
Халанд зад себе има брилијантни четири месец во дресот Салцбург, на 22 натпревари тој постигнал 22 гола. Собори и рекорд во Лигата на шампионите откако постигна седум гола во првите пет кола, во групната фаза.
Интересот за 19 годиншниот напаѓач е огромен, буквало сите го сакаат во своите редови. Германските медиуми минатата недела пишуваа дека тој кариерата ќе ја продолжи во оваа земја, дека ќе изберел дали во Дортмунд или во Лајпциг.
Утрово норвешкиот „Афтенбладет“ објави дека Ерлинг во друштво на својот татко Алф Инге се упатил кон Манчестер.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, минатата недела има можност да разговара со младиот сонародник. Солскјер потоа изјавил дека „Халанд добро знае што сака да направи со својата кариера“.
Линк помеѓу напаѓалот и „црвените ѓаволи“ бил и менаџерот на Халанд, Џим Солбакен, кој долги години имал добра соработка со Солскјер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мурињо доби уште едно засилување

Фудбалерот од Мали, Доргелеш Нене, премина од Салцбург во Фенербахче, објави денес турскиот клуб.
Офанзивниот играч од средниот ред Нене (22) ја започна својата професионална кариера во Салцбург во 2021 година, но играше како позајмен играч во Лиферинг, Рид и Вестерло.
Во сите натпреварувања, тој постигна 22 гола во 87 натпревари за Салцбург.
„Добредојде во нашето семејство, Нене. Нашиот клуб постигна договор со австрискиот клуб Салцбург за траен трансфер на играчот од Мали, Доргелеш Нене. Играчот, кој ги заврши медицинските прегледи, потпиша петгодишен договор. Му посакуваме добредојде на Нене и му посакуваме успех во дресот на нашиот клуб“, објави Фенербахче.
Клубот не објави финансики детали од трансферот.
Foto/ Fenerbahçe SK
Спорт
Најголемото засилување на Парма доживеа тешка повреда

Најголемото засилување на Парма во актуелниот преоден рок, Матија Фриган доживеа тешка повреда поради што ќе отсуствува помеѓу четири и шест месеци.
Хрватот, Матија Фриган (22) пред четири дена о официјализира трансферот во Парма од Вестерло вреден 10 милиони евра.
Фриган заработи повреда на коленото за време на тренингот, а прегледите го потврдија најлошото можно сценарио.
Ги скинал лигаментите на левото колено, што значи дека ќе паузира околу шест месеци.
Фриган потпиша договор со клубот од италијанската Премиер лига до 2030 година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Крстовиќ потпиша петгодишен договор со Аталанта

Сагата околу трансферот на црногорскиот репрезентативец, Никола Крстовиќ, заврши, а епилогот е неочекуван врз основа на сè што се случуваше во текот на летото.
Имено, Крстовиќ го парафираше договорот со Аталанта. Договорот беше потпишан до 2030 година. Крстовиќ ќе добива 1,7 милиони евра по сезона, а Лече ќе инкасира 25 милиони, плус дополнителни бонуси.
За потсетување, Крстовиќ, кој во текот на својата кариера ги бранеше боите на Зета, Звезда, Дунајска Стреда, играше брилијантно за дресот на Лече и за репрезентацијата, а во текот на летото беше јасно дека ќе го напушти тимот во кој стекна целосна афирмација.
Она што Крстовиќ веднаш го нагласи беше дека не сака да ја напушти Италија, по цена да остане член на Лече, поради што ги одби понудите од Лидс и Волфсбург.
Крстовиќ пристигна во Лече пред две години од словачката Дунајска Стреда. Одигра 70 натпревари, постигна 20 гола со седум асистенции.