Спорт
Халеп и се одмазди на Швјонтек, Зверев лесно со Лајовиќ
Симона Халеп забележа победа во дуелот со шампионката од Ролан Гарос, Ига Швјонтек, и се пласира во четврт-финалето на Австралија опен. Романката за еден час и 52 минути се избори за четврт-финална пресметка со Серена Вилијамс. На машкиот дел од турнирот, пласман в четврт-финалето избори Александар Зверев. Германанецот во три сета, го победи Душан Лајовиќ од Србија.
Симона Халеп, петти пат во кариерата, избори пласман меѓу најдобрите осум на првиот Гренд слем во сезоната. Романката, во осмина-финалето, успеа да и се реваншира на Швјонтек за поразот во полу-финалето на Ролан Гарос.
Халеп, успеа со пресврт да слави против Швјонтек, откако го загуби првиот сет со 3/6, ги доби наредните два со 6/1 и 6/4.
Во машка конкуренција, на Александар Зверев му беа потребни два часа и 24 минути за да го победи Лајовиќ. Германецот во четврт-финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ.
Зверев го победи Лајовиќ со 6/4, 7/6, 6/3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

