Спорт
Хамилтон: Богатите деца ги „крадат“ местата во Ф1 на работничката класа
Шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е роден во работничко семејство во Стивиниџ, Англија, смета дека е невозможно денеска некој со негово потекло и финансиска состојба да влезе во Формула 1.
Неодамна, и Себастијан Фетел од Ферари изјави дека неговата кариера би завршила бргу доколку трошоците биле толку гоеми како денеска, и асот на Мерцедес, Хамилтон се согласува.
„Мојот татко потроши околу 20.000 фунти и неколку пати земаше хипотека на куќата во првите години за да можам да возам. Денеска, ситуацијата е многу потешка и поскапа. Има многу малку возачи од работнички семејства кои можат да влезат во Ф1. Се работи само за богати семејства. Имам пријател кој беше блиску до Ф1 и потоа беше ’прескокнат’ од богато дете и неговата шанса замина. Би сакал да можеме да се вратиме на основните работи во Ф1“, изјави Хамилтон.
Хамилтон доби договор со Мекларен благодарение на тогашниот прв човек на тимот, Рон Денис на само 13 години, по што неговиот татко не мораше да ја става куќата под хипотека.
„Имаше моменти кога ќе се вратев од школо и бев подготвен да одам, но татко ми ќе ми објаснеше дека немаме пари овој викенд. Затоа, мојот татко е вистинскиот херој, а јас сум тој кој го зема вниманието. Да не беше тој, немаше да бидам тука сега. Сакам ФИА да помогне на такви случаи како мене. Не мора да биде толку скапо. Гледајте го фудбалот или тенисот, не е лесно, но не е неиздржливо скапо“, вели Хамилтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блатер ги советува навивачите да не одат во Америка
Сеп Блатер, поранешниот претседател на ФИФА, ја изрази својата поддршка за идејата навивачите да не патуваат во Соединетите Држави за време на Светското првенство во 2026 година (11 јуни – 19 јули) од безбедносни причини.
„Имам само еден совет за навивачите: избегнувајте ги Соединетите Држави. Постојат работи што со право го доведуваат во прашање домаќинството на ова Светско првенство“, напиша поранешниот шеф на Меѓународната фудбалска федерација (1998-2015), додавајќи:
„Она што го гледаме во Соединетите Држави, маргинализација на политичките противници, злоупотреби од страна на имиграциските служби итн. – тешко дека ги охрабрува навивачите да одат таму“.
Швајцарскиот адвокат Марк Пит, експерт за борба против корупцијата ангажиран од Блатер помеѓу 2011 и 2014 година за да предложи реформи на ФИФА, беше уште поексплицитен.
„Навивачи, избегнувајте ги Соединетите Држави. Сигурно ќе имате подобар поглед на телевизија. По пристигнувањето, навивачите треба да очекуваат дека ако не се однесуваат правилно со властите, веднаш ќе бидат испратени дома. Ако имаат среќа…“ рече Пит.
Блатер, гласен критичар на Џани Инфантино, сегашниот претседател на ФИФА, беше негов претходник до 2015 година и неговата оставка, која следеше по низа скандали.
Обвинет за измама, меѓу другото, Блатер, заедно со Мишел Платини, конечно беше ослободен во 2025 година од страна на швајцарските судови.
Најголемата глобална фудбалска смотра е закажана од 11 јуни до 19 јули 2026 година, а 16 градови од трите споменати северноамерикански држави ќе имаат статус на домаќини.
Спорт
Зверев е првиот полуфиналист на АО
Германскиот тенисер Александар Зверев, поголеми проблеми го победи Лернер Тиен и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен.
Зверев го победи Тиен со 3-1 во сетови (6:3, 6:7, 6:1, 7:6).
Мечот траеше три часа и 13 минути, а во полуфиналето Зверев ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз – Алекс Де Минор.
Првиот сет го решија два гема, шестиот и седмиот, во кои Зверев искористи една од своите две брејк топки, а Тиен не ја искористи својата.
Серверите беа исклучително сигурни во вториот сет, кој на крајот му припадна на Американецот. Во третиот Зверев доминираше, експресно ја врати предноста.
Тај-брејк се играше во четвртиот сет.
Зверев спаси сет-топката на 5:6, а потоа поведе со 6:0 во тај-брејкот и не долго потоа мирно го приведе натпреварот кон крајот за негово трето последователно полуфинале на Австралија Опен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шоутајм на Дончиќ во Чикаго
Лос Анџелес Лејкерс победија во Чикаго, благодарение на извонредната игра на Лука Дончиќ. Конечниот резултат во Јунајтед Центарот беше 118:129 (31:35, 25:34, 33:35, 29:25).
Освен 27-годишникот од Љубљана, само Коби Брајант забележа повеќе од 45 поени, двоцифрен број асистенции и повеќе од пет тројки на еден натпревар во дресот на Лејкерси.
Броевите на Дончиќ беа следниве – 46 поени, седум скока, 11 асистенции. Него го испрати Леброн Џејмс со 24 поени, пет скока и три асистенции, а Јапонецот Руи Хачимура имаше само еден поен помалку.
Кај Чикаго се истакна Коби Вајт со 23 поени, пет скока и шест асистенции, а Никола Вучевиќ, имаше дабл-дабл со 18 поени и 11 скока, како и пет асистенции.
Резултати:
Атланта – Индијана 132:116
/Мекалум 23 – Сијакам 26/
Шарлот – Филаделфија 130:93
/Милер 30 – Мекејн 16/
Кливленд – Орландо 114:98
/Мичел 45 – Банкеро 37/
Хјустон – Мемфис 108:99
/Дурент 33, Шенгун 33 – Алдама 17/
Бостон – Портланд 102:94
/Причард 23 – Грант 19/
Минесота – Голден Стејт 108:83
/Рандл 18, Гобер 15, 17ск – Пост 13/
Foto/ depositphotos

