Спорт
Хамилтон ги прозва, Ф1-возачите со пораки против расизмот
Кога шесткратниот Формула 1-шампион, Луис Хамилтон, ги критикува своите колеги дека останале тивки и покрај дебатата за расизмот во САД по убиството на Џорџ Флојд, повеќе возачи објавија на социјалните мрежи пораки против дискриминацијата.
Во неделата вечерта Хамилтон ги нападна своите ривали велејќи дека стои сам во спорт доминиран од белци, додека во повеќе градови во САД и Европа имаше протести поради смртта на Фјолд.
„Ве гледам дека сте тивки, некои од најголемите ѕвезди во спортот, кои се тивки во оваа неправда. Ниту еден знак од некој во мојата индустрија, која секако е во спорт доминиран од белци. Јас сум единствен што не сум бел и стојам сам. Би мислел дека досега некој од вас ќе видеше зошто се случува ова и да кажете нешто против, но не можете да стоите покрај нас. Знам кои сте и ве гледам“, напиша Хамилтон.

Иако некои од критичарите сметаа дека е невкусно од него да ги прозива колегите на овој начин, по оваа порака, Шарл Леклер, Даниел Рикардо, Лендо Норис и други од Ф1-спортот се јавија со свои пораки.
„Вестите од последните неколку дена ме направија тажен, тоа што му се случи на Џорџ Флојд и што продолжува да се случува во денешното општество е срамота. Сега треба да стоиме заедно, обединети. Расизмот е токсичен и треба да биде соочен не со насилство или тишина, туку со единство и акција. Мораме да застанеме. Black Lives Matter“, напиша Рикардо.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, призна дека згрешил што не се јавил порано.
„Да бидам искрен, се чувствував неудобно да ги споделувам моите мисли на социјалните мрежи за целата ситуација и затоа не се јавив порано. И целосно згрешив. Уште барам зборови да ги опишам неделата од видеата што ги видов. Расизмот мора да биде соочен со акција, не со тишина. Нашата одговорност е да зборуваме против неправдата. Стојам поркај #BlackLivesMatters“, напиша Леклер.
Освен нив, неправдата ја осудија и Николас Латифи и Серхио Перез.
I still struggle to find the words to describe the atrocity of some videos I’ve seen on Internet.
Racism needs to be met with actions, not silence. Please be actively participating, engaging and encouraging others to spread awareness. 2/3— Charles Leclerc (@Charles_Leclerc) May 31, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

