Спорт
Хамилтон и Фетел со огромни плати, Расел и Џовинаци ќе возат за „ситно“
Луис Хамилтон повторно е најплатениот Формула 1 возач и во сезоната 2020, во која го комплетира својот повеќегодишен богат договор со Мерцедес, тим кому му донесе пет титули во шест години.
Хамилтон ќе заработи 48 милиони евра во 2020, но ниту неговиот ривал од Ферари, Себастијан Фетел нема да помине лошо – тој ќе добие 42 милиони евра. Далеку зад нив двајца на третото место е Даниел Рикардо во Рено, кој ќе добие 18 милиони, а значително зголемување на платата добиваат и Шарл Леклер во Ферари (9 милиони евра) и Макс Ферстапен во Ред бул (16 милиони евра).
Од другата страна, Антонио Џовинаци во Алфа Ромео и Џорџ Расел од Вилијамс ќе бидат најслабоплатените возачи, тие ќе добијат „скромни“ 200.000 евра.
ПЛАТИТЕ НА Ф1 ВОЗАЧИТЕ, 2020
1.Луис Хамилтон (Мерцедес), 48.000.000 евра
2.Себастијан Фетел (Ферари), 42.000.000 евра
3.Даниел Рикардо (Рено), 18.000.000 евра
4.Макс Ферстапен (Ред бул), 16.000.000 евра
5.Шарл Леклер (Ферари), 9.000.000 евра
6.Валтери Ботас (Мерцедес), 7.500.000 евра
7.Кими Раиконен (Алфа Ромео), 4.000.000 евра
8.Карлос Саинс Јуниор (Мекларен), 3.500.000 евра
9.Серхио Перез (Рејсинг поинт) 3.000.000 евра
10.Естебан Окон (Рено), 1.500.000 евра
11.Александер Албон (Ред Бул), 1.200.000 евра
12.Ленс Строл (Рејсинг поинт), 1.000.000 евра
13.Роман Грожан (Хас), 1.000.000 евра
14.Кевин Магнусен (Хас), 1.000.000 евра
15.Пјер Гасли (Алфа таури), 400.000 евра
16.Данил Квјат (Алфа таури), 275.000 евра
17.Лендо Норис (Мекларен), 225.000 евра
18.Антонио Џовинаци (Алфа Ромео), 200.000 евра
19.Џорџ Расел (Вилијамс), 200.000 евра
-.Николас Латифи (Вилијамс), не е откриена сумата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.