Спорт
Хамилтон и Леклер дисквалификувани по трката во Остин
Луис Хамилтон и Шарл Леклер се дисквалификувани по Големата награда на САД. По трката во Остин, техничкиот тим на ФИА откри неправилности со нивните болиди, што скапо ги чинеше.
Хамилтон, кој има уште една лоша сезона, заврши на второто место. Мерцедес за прв пат ги тестираше промените на возилото во Остин.
Леклер, возачот на Ферари, заврши на шестото место, малку пред вториот возач на Мерцедес Џорџ Расел.
И Мерцедес и Ферари можат да се жалат на одлуката.
Дисквалификацијата на Хамилтон значи дека Ландо Норис заврши на второто место, а Карлос Саинц го зазеде последното место на подиумот. Серхио Перез сега е четврти и на тој начин ја зголеми предноста пред Хамилтон како втор во поредокот кај возачите.
Расел е петти, Пјер Гасли шести, Ленс Строл седми, а Јуки Цунода осми. Исто така, Вилијамс сега добива поени од двата болида – Алекс Албон деветти и Логан Сарџент десетти, негови први поени во Ф1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал го победи Челзи на „Стенфорд Бриџ“
Фудбалерите на Арсенал се блиску до пласман во финалето, во Лига купот. Вечерва на „Стенфорд Бриџ“, Арсенал го победи Челзи со 3:2, во првиот полуфинален натпревар.
„Тобпџиите“ пев пат победија на теренот на Челзи, во кое било натпреварување од 2022 година.
Актуелниот лидер во Премиер лигата поведе во седмата минута преку Бен Вајт, кој ја искористи катастрофалната реакција на голманот Роберт Санчез.
На стартот од вториот дел, во 49-та минута, Виктор Ѓокереш зголеми резултатот на 2:0.
Помалку од десет минути подоцна, Гарначо им даде надеж на домашните, но тимот на Микел Артета повторно се врати на +2, кога Зубименди постигна гол во 71-та минута.
Се чинеше дека тоа ќе биде сè на овој меч, но незивесноста ја врати Гарначо со својот втор гол во 83-та минута.
На крајот, сепак Арсенал победи, пред реваншот на 3 февруари на „Емирејтс“.
Foto/ EPA
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA

