Контакт

Спорт

Хамилтон пред денешната трка: Ферстапен лесно ќе триумфира!

Објавено пред

Вчера се одржаа спринт квалификациите за трката за ГН на Италија. На нив најдобро се снајде возачот на Мерцедес, Валтери Ботас. Но сепак поради промената на погонската единица, нема да стартува прв на денешната трка.

Оваа привилегија му ја препушти на Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул и лидер во генералниот пласман.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе тргне од четвртата позиција, а меѓу него и Ферстапен се најдоа Даниел Рикардо и Ландо Норис.

„Ја видовте брзината на Ред Бул. Не знам дали Макс е побрз од Валтери, но многу се брзи. Сега уште има право и на стартна позиција. Би требало да е ова лесна победа за него, сигурен триумф“ рече Хамилтон.

Холанѓанецот и Британецот водат битка за титулата. До крајот на сезоната има уште 9 трки, а Ферстапен има 5 бодови повеќе.

Спорт

Мурињо досега никогаш не примил шест гола: Вината е само моја

Објавено пред

Во својот 1.008. меч како менаџер, Жозе Мурињо ја доживеа својата најголема катастрофа примајќи шест гола првпат во кариерата откако Рома несфатливо загуби од норвешиот Бодо/Глимт со 6:1.

Ова не е најтешкиот европски пораз за Рома во историјата бидејќи загуби со 7:1 од Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, но 400-те фанови на Рома што отпатуваа далеку на северот на Норвешка не очекуваа тим од калибарот на Бодо/Глимт да направи ваква сензација. Мурињо не сакаше да бара изговори.

„Одговорноста е целосно моја бидејќи јас решив да играм со овој состав. Го направив тоа со добри намери, да им дадам шанса на оние што работат напорно, но немаат многу минути. На вештачки терен и со оваа клима решив да одморам доста од нив и загубивме од тим што беше поквалитетен од нас. Мој тим не примил шест гола досега? Да, но не е важно што јас мислам. Повеќе ми е грижа за момците“, изјави Мурињо.

Европска катастрофа за Рома на Мурињо, Тотенхем загуби во Холандија

Прикажи повеќе...

Спорт

Пауло Фонсека пред потпис со Њукасл

Објавено пред

Поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека, е најголемиот фаворит да седне на клупата на официјално најбогатиот клуб на светот, Њукасл јунајтед, тврдат англиските и шпанските медиуми.

Стив Брус веќе се договори за раскинување на договорот со Њукасл бидејќи клубот е на претпоследното место на табелата во Премиер лигата со најмногу примени голови во лигата. Според „Гардијан“, новиот директор и малцински акционер, Аманда Стевели, го преферира Фонсека поради неговиот стил на игра откако се докажа како тренер на Порто, Шахтјор Донецк и на Рома, каде што помина само две сезони пред да биде заменет со Жозе Мурињо.

Тотенхем се обиде ова лето да го донесе Фонсека, но договорот се распадна“ж во последен момент и тој е без ангажман.

Прикажи повеќе...

Спорт

Предводени од Штрлек и Коралес, Веспрем го декласира Флензбург

Објавено пред

Предводени од фантастичниот голман Родриго Коралес, кој имаше осум одбрани во првото полувреме, Веспрем стигна до фантастична 28:23 (14:8) победа над Флензбург користејќи ги повредите на клучните играчи на бундеслигашот.

Флензбург успеа да постигне само осум гола во првото полувреме по што во второто, иако го крена нивото на игра, немаше шанси за камбек.

Мануел Штрлек беше одличен во нападот со седум гола за Веспрем да се искачи на првото место на табелата израмнет со Кјелце, а Флензбург има само еден поен и е на претпоследното место.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИTE, ГРУПА Б, 5. КОЛО

Мотор Запорожје – Динамо Букурешт 28:27 (13:13)

Веспрем – Флензбург 28:23 (14:8)

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2466-37565”));

Standings provided by SofaScore LiveScore
Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија6 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ7 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија9 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија10 часа

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа11 час

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија12 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ14 часа

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет14 часа

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет14 часа

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет15 часа

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија1 ден

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет1 ден

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ1 ден

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија1 ден

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија1 ден

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија1 ден

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет1 ден

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Досие