Спорт
Хандановиќ ќе ја заврши кариерата во Интер
Самир Хандановиќ го продолжил договорот со Интер до јуни 2022 година. Актуелниот договор на Словенецот му истекува во 2021 година, но во договорот со клупските челници тој го продолжил за уште една година.
Хандановиќ, најверојатно, кариерата ќе ја заврши во Интер бидејќи, кога ќе му истече новиот договор, ќе има 38 години.
Антонио Конте има целосна доверба во Хандановиќ, но во летниот преоден рок ќе бара голман што ќе може во иднина да го наследни Словенецот. Интер е заинтересиран за Муса од Удинезе и за Раду од Парма.
Хандановиќ во 2012 година за сума од 12 милиони евра од Удинезе пристигна во Интер. Словенецот оваа сезона настапил на 26 натпревари во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ејбрахам се враќа во Астон Вила
Тами Ејбрахам е на пат да се врати во англискиот фудбал по четири и пол години. Ејбрахам е на прагот да се врати во Астон Вила, за која постигна 26 гола во Чемпионшип во сезоната 2018/19.
Како што објави „ТРТ Спор“, а потврди и Фабрицио Романо, Бешикташ и Астон Вила постигнале договор. Вила ќе плати 21 милион евра и во Истанбул ќе го испрати Јашин Озџан, како дел од трансферот.
Ејбрахам пристигна од Рома во црно-белиот тим од Босфор ова лето, а во последно време не игра во добра форма.
Екипата на Унаи Емери беше без Дониел Мулен кон средината на јануари, кој замина на позајмица во Рома, па Абрахам пристигнува како врвна замена во се попредизвикувачкиот дел од сезоната.
Искусниот англиски голгетер ќе биде замена за Оли Воткинс, кој е единствениот вистински напаѓач во Вила во тековната кампања.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тотенхем се сериозно заинтересирани за Енди Робертсон
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.
Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.
Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.
Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.
Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.
Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.
Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.
Foto/ EPA
Спорт
Ен Несири пред трансфер во Јувентус
Фудбалскиот клуб Јувентус, од почетокот на преодниот рок, се обидува да се засили со класична „деветка“. Откако неуспено заврши обидот со Жан-Филип Матета, челниците на клубот од Торино се насочија кон Јусуф Ен Несири.
Јувентус мора да ангажира напаѓач, бидејќи Џонатан Дејвид не се снајде, Душан Влаховиќ е повреден и неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолони, вчера бил во Истанбул, на натпреварот од Лига Европа помеѓу Фенербахче и Астон Вила (0:1), да преговара околу ангажманот на Мароканецот.
Јувентус нуди 5.000.000 евра за позајмица, 19.000.000 евра за опција за откуп на договорот и 3.000.000 преку бонуси.
Реално е Фенербаче да ја прифати понудата и наскоро се очекува Ен Несири да го облече дресот на Јувентус.

