Спорт
Хаос во најава: 25.000 навивачи без влезници доаѓаат на финалето на ЛК
УЕФА има голем проблем со билетите што им ги додели на финалистите во Конференциската лига. Вест Хем и Фиорентина добија само по 5.000 влезници за своите навивачи. Остатокот од билетите УЕФА че им ги подели на спонзирите, пријателите и вработените.
Финалето ќе се игра на „Еден“ стадионот во Прага чии капаците изнесува 20.000 места.
Поради најавата дека голем број навивачи од Англија во огромен број ќе се упатат кон Прага, УЕФА веќе стапила во контакт со чешката полиција, претставниците на двата клуба, со цел да се направи најдобар план за организација на натпреварот.
Што и да се случи, едно е сигурно, околу 25.000 навивачи на Вест Хем и Фиорентина без билети тој ден ќе бидат на улиците на Прага.
Поради тоа УЕФА сега е на удар од различни страни бидејќи за домаќин, одреди стадион чиј капацитет не е доволно голем за да ги прими прими сите заинтересирани навивачи.
Ова сега е потенцијален проблем за градот Прага бидејќи на денот на финалето, а веројатно и ден претходно, на улиците ќе има многу Англичани и Италијанци, од кои најголем број ќе бидат во алкохолизирана состојба.
Според најавите од Чешка, тој ден за безбедноста ќе се грижат близу 10.000 полицајци и приватно обезбедување.
Вест Хем и Фиорентина финалето ќе го одиграат на 7 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА потврди – 26 наместо 23 играчи на ЕУРО 2024
Репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во Германија ќе имаат на располагање 26 играчи, потврди УЕФА.
Извршниот комитет на Европската фудбалска унија потврди дека е смнето правилото според кое селекторите на можеа да пријават 23 фудбалери.
Овој предлог беше поддржан претходно оваа година на состанокот на Националниот комитет за натпреварување на УЕФА.
Идејата за прв пат беше претставена на селекторскиот собир во Дизелдорф.
Оваа измена беше предложена поради згуснатиот распоред оваа сезона и ризикот од повреди.
Претставниците на Националниот натпреварувачки комитет во петокот и официјално го заверија сето она што беше претходно предложено, договорено и прифатено од мнозинството.
Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Спорт
Клоп се жали на распоредот: Криминал е ова што ни го прават
Пренатрупаниот распоред на натпревари го натера менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште еднаш да проговори на оваа тема. Германецот кој си заминува од Ливерпул на крајот на сезоната застана во одбрана на своите играчи и рече дека само чека агенцијата за заштита на човековите права да интервенира во креирањето на распоредот.
„Распоредот е апсолутно луд. Не е нормално Ливерпул да игра натпревар во сабота во 12:30. Никогаш повеќе нема да ја гледам телевизијата ТНТ (го емитува овој натпревар). Мора да играме четврток, недела, среда и сабота во 12:30 часот ова што ни го прават е криминал“, изјави Клоп.
Ливерпул е тим со голем број навивачи ширум светот и затоа игра во посебни времиња, што е прилагодено на носителите на телевизиските права. Избраниците на Клоп доживеаја серија неуспеси, поради што речиси отпаднаа од трката за шампионската титула.
Спорт
Модриќ мора да се прифати два услови доколку сака да остане во Реал
Лука Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната и се уште не е познато каде ќе игра 38-годишниот играч за врска следната сезона. Желбата на Модриќ е да остане во Реал, но има голем број понуди од други клубови.
Капитенот на хрватската репрезентација го бараат Динамо, саудиски клубови, екипи од МЛС лигата, а се почесто се зборува и за интересот на Јувентус.
Карлос Карпио, новинар на „Марка“, откри дека Модриќ мора да прифати два услови доколку сака да остане во Реал. Мора да прифати да биде резерва и да прифати значително намалување на платата. Модриќ наводно заработува околу 20 милиони евра по сезона.
„Се сомневам дека ќе остане во Реал, но ако остане, тоа ќе биде со помала плата. Модриќ не прифати добро ниту една одлука на Анчелоти да биде резерва. Легендите никогаш не се послушни замени“, вели Карпио.
Модриќ сезонава забележа 40 настапи, два гола и шест асистенции. Хрватото во Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем за 35 милиони евра.