Спорт
Хап ѝ се приклучи на македонската репрезентација

Foto/ kfsm.mk
Американецот Итан Хап (27) го одработи првиот тренинг со кошаркарската репрезентација на Македонија. Играчот на Гран Канарија треба да биде адутот на Макеоднија во рекетот.
„Дефицитарни сме на високите позиции, без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес бевме принудени да се одлучиме за Хап кој претходно доби државјанство. Тоа е повеќе стратешка околку изнудена одлука, објасни селекторот Александар Јончевски.
Националниот тим ќе биде комплетен кога ќе му се приклучи Војдан Сотјановски. Капитенот се е под терапија, но ќе биде подготвен за првиот натпревар.
Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година, во петок ќе ја пречека Естонија во СРЦ Кале, со почеток во 19 часот.
Покрај овие две репрезентации во групата Х партиципираат Литванија и Полска.
Покрај Полска, која како ко-домаќин веќе избори место на ЕП, од групата Х пласман на шампионатот ќе изборат уште две репрезентации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сане како слободен играч ќе го засили Галатасарај

Лирој Сане одби да го продолжи договорот со Баерн, а германските медиуми тврдат дека тој сигурно ќе го напушти клубот. Сане, според овие извори бил блиску до преселба во Галатасарај.
Сане отпатува во САД со Баерн на Светско клупско првенство, но дека само прашање на денови е кога ќе потпише со турскиот првак.
Турскиот шампион ги подобри финансиските услови што му ги нуди на Сане, играч чиј договор со германскиот шампион истекува на крајот на јуни. Тотенхем и Арсенал исто така беа заинтересирани за неговите услуги.
Сане ја започна својата професионална кариера во Шалке, а потоа играше за Манчестер сити од 2016 до 2020 година. Тој се пресели од англискиот клуб во Баерн, за кој одигра 153 натпревари во Бундеслигата и постигна 40 голови. Со Сити освои две титули во Премиер лигата, а со Баерн четири во Бундеслигата.
Галатасарај работи на зајакнување на играчкиот кадар пред сезоната во која ќе игра во Лигата на шампионите. Вредноста на Сане според „Трансфермаркт“ е 32 милиони евра.
Спорт
Чиле остана без пласман на СП и без селектор

Фудбалерите на Чиле забелаа уште еден пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство следната година. По поразот од Боливија (2:0), Чилеанците остнаа без шанси за пласман на Мундијалот.
Ова е вистинска катастрофа за националниот тим, бидејќи не учествуваа и на претходните две Светски првенства, во Русија 2018 и Катар во 2022 година. Сето тоа се случи откако Чилеанците ја освоија Копа Америка во 2015 и 2016 година.
По поразот од Боливија, Чиле е на последното место на табелата во Јужна Америка. Како резултат на лошиот пласман, веднаш по поразот во Боливија, 67-годишниот Аргентинец Рикардо Гарека, доби отказ. Гарека го презеде Чиле во 2024 година, забележа само една победа во 13 официјални натпревари со Чиле.
Спорт
Сити го потврди трансферот на Рејндерс

Манчестер сити потврди уште едно засилување. Дресот на клубот од „Етихад“ ќе го носи и Холанѓанецот Тижани Рејндерс.
Сити го потврди трансферот од Милан на својата веб-страница, и иако не открија финансиски детали, медиумите објавија дека Сити ќе плати 70 милиони евра за трансферот на холандскиот репрезентативец, кој потпиша договор до летото 2029 година.
„Чест ми е што потпишав за Сити. Горд сум што сум дел од тимот на Пеп Гвардиола, чија работа ја следам со години, уште од Барселона со Лео Меси. Едвај чекам да почнам да работам со него и сигурен сум дека Гвардиола ќе ме направи уште подобар играч“, рече Холанѓанецот.
Пред Рејндерс, Сити ги претстави Рајан Аит-Нури и Рајан Шерки, додека голманот Маркус Бетинели пристигна од Челзи, кој ќе биде трет избор зад Едерсон и Стефано Ортега.
Нури пристигна за сума од околу 45 милиони евра, Шерки од Лион за 36+6 преку бонуси, што значи дека Сити потроши околу 150 милиони евра за летни засилувања.
Важно е да се истакне дека Пеп ќе може да смета на сите играчи на претстојното Светско првенство за клубови во САД.