Спорт
Харден им пресуди на Финикс, Јокиќ броеше до 43 во поразот на Денвер
Само Бостон ја искористи предноста на домашниот терен во синоќешните шест натпревар во НБА-лигата. Бруклин Нетс во дербито ја прекинаа победничката низа на Финикс Санс.
Никола Јокиќ индивидуално ја обележа ноќта во НБА-лигата, но неговиот тим не успеа да победи во Бостон. Селтикс победи убедливо со 112:99. Џејлен Браун постигна 27, Џејсон Тејтум 21, а Кемба Вокер 17 поени.
Јокиќ го одигра четвртиот најефикасен меч во кариерата, постигна 43 поени, на кои придодаде шест скока и пет асистенции, но не доби помош од соиграчите, Џамал Мареј постигна 25 поени, но продаде и девет топки.
Лејкерси, без Ентони Дејвис, успешно го минаа гостувањето во Минеаполис. „Езерџиите“ славеа над Минесота 112:104. Леброн Џејмс со 30 поени, 13 скока и седум асистеции го предводеше тимот. Кај Минесота се истакна Ентони Едевардс со 28 поени.
Бруклин победи кај Финикс иако во еден момент беше во минус од 24 поени (73:49). Иако играа без Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, Нетс успеа да ја прекине низата од шест победи, во која беа кошаркарите на Финикс.
Џејмс Харден забележа 38 поени, седум скока и 11 асистенции, ветеранот Џеф Грин постигна 18, а Џо Херис 22 поена (15 во второто полувреме). Санс го предводеше искусниот Крис Пол со 29 поени, Девин Букер постигна седум поени помалку.
Резултати:
Бостон-Денвер 112:99
Мемфис-Њу Орлеанс 113:144
Милвоки-Торонто 113:124
Минесота-ЛА Лејкерс 104:112
Оклахома-Портланд 104:115
Финикс-Бруклин 124:128.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вашингтон со 48 поени го затрупа кошот на Крка
Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени.
Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз.
Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди и го урна рекордот на Дерон Расел, кој во дресот на Морнар, во октомври 2022 година против Задар постигна 47 поени.
Со 10 постигнати тројки, Вашингтон на првото место, на вечната листа се изедначи соТему Ранико и Јосип Сесар.
Foto/ Krka, Drago Perko

