Спорт
Хатем Бен Арфа се враќа на фудбалот со Лил

Хатем Бен Арфа по шест месеци без клуб, се врати на професионалниот фудбал, откако француските шампиони Лил му дадоа договор до крајот на месецот.
34-годишниот ветеран, кој во минатото играше за Пари Сен-Жермен и Олимпик Марсеј во Франција, беше без клуб откако си замина од Бордо на крајот на минатата сезона.
Поранешниот репрезентативец има 15 настапи за Франција и 2 постигнати гола. Лил во моментов се само 10. во Лига 1 со 29 поени по 20 меча.
𝙉𝙚𝙬 𝘿𝙤𝙜𝙪𝙚 𝙞𝙣 𝙏𝙤𝙬𝙣 🔥#MercatoLOSC w/ @NBFootball pic.twitter.com/fxME5AmGLR
— LOSC (@losclive) January 19, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
И Клоп го откри составот за големото финале
Еден час пред почетокот на финалето во Лигата на шампионите, Јирген Клоп го откри почетниот состав.
Германецот имаше само една дилема, дали да почне со Тијаго Алкантара или со Наби Кеита. Сепак Бразилецот со шпански пасош успеа да се рехабилитира од повредата и тој ќе биде во редот за врска, заедно со капитенот Џордан Хендерсон и Фабињо.
Ливерпул вечера, во Париз, се бори за седмата титула во Купот/Лигата на шампионите.
Here's how we line up for the #UCLfinal
👊🔴
— Liverpool FC (@LFC) May 28, 2022
Спорт
Македонија треба да покаже дека е фаворит во групата

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за почетокот на новото издание на Лига на нации. Првиот натпревар, Македонија ќе го одифра во Бугарија во Разград на 2.јуни.
На попладневниот тренинг на репрезентативниот тим се приклучија Енис Барди, Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Дарко Велковски.
Дефанзивниот фудбалер, Никола Серафимов смета дека доколку сите го дадат својот максимум, јунскиот циклус, во кој Македонија ќе одигра четири натпревари, ќе го отвориме со победа.
„Пред сѐ очекувам новото издание од Лига на нации да го започнеме со добра игра против Бугарија. Противникот е квалитетен, но ако одиграме како што знаеме и умееме и го дадеме најдоброто од нас, мислам дека ќе ги освоиме бодовите. Секогаш очекуваме и се надеваме дека ќе добиеме шанса за настап. Наше е да бидеме максимално подготвени и мотивирани и на најдобар можен начин да ја искористиме шансата ако ни се укаже“, вњли Серафимов.
Давид Бабунски смета дека Македонија со резултатите што ги постигна во изминатиот период заслужува, но и треба да покаже на теренот дека е фаворит во групата со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Спорт
Ули Хенес: Имавме договор со Клоп, а потоа Румениге дојде со „одличен“ предлог

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, откри дека Јирген Клоп бил на мета на тој клуб пред 15 години. Практично, само потпис на договорот го делел актуелниот менаџер на Ливерпул од доаѓањето во Минхен.
Сепак до соработка помеѓу Баерн и Клоп никогаш не дошло, според според Хенес за тоа е виновен тогашниот извршен директор Карл Хајнц Румениге.
Поранешниот претседател на германскиот шампион во разговор за германски ХТВ откри зошто Баварците се откажале од Клоп во 2007 година.
„Се договоривме Јирген да дојде во Баерн. Пред да замине од Мајнц, разговарав со него. Беше пред Божиќ, го прашав дали може да се замисли во нашиот клуб. Реков дека повторно ќе му се јавам по празниците. Но, тогаш дојде Румениге со одлична идеја да потпише со Јирген Клинсман“, објасни ирончно Хенес.
„Секогаш можев да го замислам во Баерн, тој е извонреден тренер“, заклучил поранешниот прв човек на Баварците.
Да потсетиме, Клоп по Мајнц замина во Борусија Дортмунд со која освои две титули, потоа се пресели во Ливерпул.