Спорт
Хауард му удрил бокс на колегата, суспендиран до крајот на сезоната

Натпреварот помеѓу Висконсин и Мичиган во НЦАА лигата го обележа хаосот што го предизвика тренерот на Мичиген, Џуан Хауард. Поранешниот НБА-шампион му удрил бокс на колегата од спротивниот табор.
Хауард не можел да се помири со поразот на неговиот тим, 77:63. Незадоволен, веднаш по завршувањето на натпреварот најпрвин влегол во вербална расправија со тренерот на Висконсин.
Откако настана мешаница на теренот, тој му удрил бокс на еден од помошниците на тренерот на Висконсин.
Поради овој потег, Хаурад е суспендиран до крајот на сезоната, а ќе мора да плати и парична казна од 40.000 долари.
A fight broke out between Michigan and Wisconsin during the postgame handshake line. pic.twitter.com/AiWIwyzj8w
— CBS Sports (@CBSSports) February 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брилијантниот Дончиќ и Словенија подобри од Авдија и Израел

Кошаркарите на Словенија ја остварија третата последователна победа во Групата Д на Евробаскетот. Словенците го победија Израел со 106:96.
Со победата Словенија се здоби со подобра позиција пред нокаут фазата со скор 3-2, но сè уште не знаат против кого ќе играат во осминафиналето.
Со победа, Израел ќе беше прв во групата, поразот ги однесе на четвртата позиција.
Натпреварот во Катовице, Полска, го обележа пресметката меѓу НБА ѕвездите, Лука Дончиќ и Дани Авдија, но суперѕвездата на ЛА Лејкерс покажа поголем квалитет.
Дончиќ го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скока и девет асистенции. Авдија на крајот имаше 34 поени, девет скока и две асистенции.
Кај Словенците се истакнаа Николиќ со 16, Радовиќ со 14, Омиќ со 11 и Хроват со 10.
Во таборот на Израел, Соркин додаде 14 поени, а Мадар 10 поени.
foto/ epa
Спорт
(Видео) Македонија во Прага загуби од Саудиска Арабија
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Саудиска Арабија (2:1), во пријателски натпревар одигран на стадионот на Викторија Жишков во Прага.
Саудијците славеа со пресврт откако Македонија дојде до предност со спектакуларниот гол на Алесандар Трајковски. Напаѓачот на Македонија погоди со ножички во 40.минута.
Предноста ја анулира Ал Брикан во финишот на првото полувреме.
Нерешениот резултат на семафорот стоеше до 78.минута, кога Ал Хамдан ја искористи конфузијата во нашата одбрана и со прецизен удар од 22 метри го совлада Димитиревски.
Следниот натпревар Македонија ќе го одигра в недела, кога во квалификациите за Светското првенство ќе го пречека Лихтанштајн.
Foto/ ffm.mk
Спорт
БиХ избори осминафинале на Евробаскетот

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на Европското првенство.
Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа.
Грузијците успеаја да анулираат предноста на Босанците од 15 поени, на седум минути до крајот резултатот беше 71:71 и тука застанаа. Во наредните нешто повеќе од пет минути, избраниците на поранечниот македонски селектор, Александар Џикиќ, не постигнаа ниту еден поен, противникот направи серија 9:0 и го реши мечот.
Грузија и покрај поразот се уште има шанса за пласман во нокаут фазата, , вечерва од 20.30 часот Грција треба да ја победи Шпанија.
Најдобри кај БиХ беа Јусуф Нуркиќ со 15 поени и 12 скока, Џон Роберсон додаде 15 со пет асистенции, а Александар Лазиќ имаше 13 поени.
За Грузија, Сандро Мамукеласвили постигна 20 поени со осум скока, Камар Болдвин постигна 18, а Гога Битадзе имаше 15 поени и пет скока. Целосно потвфрли најдобриот грузиски играч, Токо Шенгелија со шест поени, пет скока и четири асистенции.
Foto/ FIBA