Спорт
Хауард Веб свика итен состанок – Двајца судии ќе бидат суспендирани

Шефот на судиите во Премиер лигата Хауард Веб свикал итен состанок на кој ќе се соберат сите официјални лица, вклучени во менаџирањето на натпреварите во англиската елита.
Веб го свика состанокот поради две големи индивидуални грешки кои се случија минатиот викенд. Грешкуте на судиите директно влијаеа на конечните резултати на тие натпревари.
Во првиот од нив, судијата Ли Мејсон, кој беше во ВАР собата на натпреварот на Арсенал- Брентфорд, заборави да ги повлече линиите за да утврди дали има офсајд пред израмнувачкиот гол на Брентфорд.
Повторената снимка покажа дека Кристијан Норгор беше во офсајд пред да му асистира на Ајван Тони за голот. Непосредно пред тоа, во офсајд беше и Итан Пинок.
На натпреварот помеѓу Кристал Палас и Брајтон, голот на гостите беше поништен откако видео помошниот судија повлече погрешна линија за офсајд, користејќи погрешен дефанзивец како почетна точка.
Според „Дејли мејл“, средбата ќе се одржи утре, а присуството е задолжително за сите судии. Весникот тврди дека двајцата судии да добијат доста сериозни казни.
Здружението на професионални судии вчера им се извини на оштетените клубови за грешките, кои беа дефинирани како „човечки“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Балде закрепна од повреда пред ел класико

Фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде (21), се опорави од повреда и ќе се биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во недела, објави шпанскиот спортски весник „АС“.
Балде го повреди левиот бутен мускул пред три недели, поради што го пропушти финалето на Купот на Кралот и победата од 3:2 над Реал Мадрид во продолженијата, како и двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите каде што Барселона беше елиминирана од Интер.
Според „АС“, Балде нема да биде во почетниот состав на Барселона во недела кога каталонскиот клуб ќе го пречека Реал Мадрид во 35-то коло од Ла Лига, но ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик.
На четири кола до крајот на Ла Лига, Барселона го пречекува Реал Мадрид со четири бода предност и, доколку не загуби, ќе има отворен пат до освојување на титулата.
Балде одигра 42 натпревари за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, од кои 37 како стартер.
Спорт
Кеш и Дарвин Нуњез за Хулијан Алварез

Англискиот шампион Ливерпул се распрашува за најдобриот играч на Атлетико Мадрид оваа сезона, Хулијан Алварез. Аргентинецот минатото лето пристигна на „Метрополитано“ за сума од 75 милиони евра, плус 20 милиони што Манчестер сити може да ги добие преку потенцијалните бонуси.
Алварез досега одигра 51 натпревар за „јорганџиите“, постигна 27 голови и забележа пет асистенции.
Наводно, Ливерпул е подготвен да го испрати во Мадрид, Дарвин Нуњез и да доплати за да го обезбеди потписот на Алварез.
Спорт
Мекинли Рајт – МВП на АБА-лигата

Кошаркарот на Будуќност, Мекинли Рајт, го доби трофејот „Дејан Милојевиќ“ како најкорисен играч (MВП) од регуларниот тек на АБА лигата.
Американецот победи со 39,1 процент од гласовите пред неговиот клупски соиграч Кенан Камењаш (26,8 проценти) и Брајс Џонс (Игокеа, 23,9 проценти).
Рајт оваа сезона имаше просек од 12,8 поени, 2,4 скока, 4,9 асистенции и една украдена топка.
Претходни победници:
2014/15 Никола Јокиќ (Мега);
2015/16 Миро Билан (Цедевита);
2016/17 Никола Јанковиќ (Олимпија);
2017/18 Лука Жориќ (Цибона);
2018/19 Гога Битадзе (Иднина);
2020/21 Филип Петрушев (Мега);
2021/22 Никола Калиниќ (Црвена звезда);
2022/23 Лука Божиќ (Задар);
2023/24 Лука Божиќ (Задар);
2024/25 Мекинли Рајт (Будуќност).