Спорт
Хенес: Би сакал Вирц да дојде во Баерн
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, го запозна еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц на 75-годишнината на Зелигенпортен.
„Сите знаат дека би сакал да го видам во Баерн“, отворено рече 72-годишниот Хенес на прославата.
Баварците се уште не преговараат со 21-годишниот офанзивен играч за врска. Многу се зборуваше за иднината на Вирц по освојувањето на двојната круна со Баер Леверкузен,
Фудбалерот има договор со „фармацевтите“ до летото 2027 година.
„Се чувствувам добро во Леверкузен, па љубопитен сум што носи иднината“, истакна Виртц.
Со својот врсник Џамал Мусијал ги бранеше боите на Германија на Европското првенство „Панцерите“ стигнаа до четвртфиналето, каде што загубија од Шпанија, четирикратниот шампион на Стариот континент.
„Се пошегувавме дека еден ден можеби ќе играме за ист клуб, но никогаш не можете да го предвидите тоа. Честопати кажувавме дека сакаме да играме заедно. Сепак и двајцата се чувствуваме добро во нашите клубови“, потенцираше Вирц на ЕП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рубен Гарабаја ќе го предводи Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер има нов тренер. Откако спогодбено се раздели со тренерот Раул Алонсо, кој ја освои титулата со клубот од Битола, клубот на неговото место го донесе Рубен Гарабаја Аренас.
Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, постигна 318 гола и освои светска титула во Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и Мундијалот во Шведска во 2011 година.
Рубен Гарабаја доаѓа од покраината Астурија, кариерата ја започна во Адемар Леон (освои Куп на Кралот и ЕХФ Куп на Купови), играше за Фригорификос де Моразо и Ваљадолид, за 2007 година да го облече дресот на Барселона.
Со Барса освои три АСОБАЛ лиги, два Купа на Кралот, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2009/10.
Од 2010 до 2018 година настапуваше за Натухаус Ла Риоха од Логроњо, клуб во кој ја заврши играчката и ја започна тренерската кариера.
Гарабаја со тренерската работа започна да се занимава во Логроњо како асистент тренер во 2018 година. Три години остана во Натурхаус Ла Риоха и го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина.
Во 2021 година на покана на Роберто Гарсија Парондо (поранешен тренер на Вардар) стана асистент тренер во египетската репрезентација. Во овој период од две години освојува злато од шампионатот на Африка и сребро од Медитеранските игри.
Во 2022 година почнува самостојна тренерска кариера во шпанскиот клуб Синфин Сантандер, каде што работеше се до повикот од Битола.
Извор/ РК Еурофарм Пелистер
Спорт
Албанија казнета за инцидентите на мечот со Србија

Светската фудбалска федерација (ФИФА), го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија по натпреварот против Србија, одигран на 7 јуни во Тирана, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство.
ФИФА ги информираше Албанците дека мора да платат 173.000 евра поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите на споменатиот натпревар.
Причината се навредите кон Србите, како и фрлањето предмети, со кои беа погодени неколку српски репрезентативци.
„Оваа казна е последица на повтореното несоодветно и пристрасно однесување на некои албански навивачи: песни со пристрасна содржина, фрлање предмети, палење пиротехника, упатени пораки несоодветни за спортски настан и прекини за време на изведувањето на националните химни“, се наведува во соопштението.
Покрај паричната казна, 20 проценти од капацитетот на стадионот ќе бидат затворени за натпреварот со Латвија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Жоао Феликс се враќа дома

Жоао Феликс (25) е многу блиску до враќање во Бенфика. Како што дознава „Рекорд“, договорот е практично склучен, Бенфика ќе го купи напаѓачот од Челзи за 25 милиони евра.
„Рекорд“ тврди дека работата официјално ќе биде завршена до петок, а постои можност Феликс да игра за Бенфика на натпреварот од Купот Еузебио против Фенербахче, кој го води Жозе Мурињо, во сабота.
Желбата на играчот да се врати на стадионот „Луж“ исто така беше клучна, што тој отворено го демонстрираше за време на преговорите.
Младиот Португалец беше најскапата инвестиција на Атлетико Мадрид. Во јули 2019 година, тој потпиша седумгодишен договор, додека Бенфика заработи 126 милиони евра во тоа време. Сега го враќа за 101 милион евра помалку. Минатото лето Атлетико го продаде во Челси за 52 милиони евра.
Феликс играше и за Челзи, Барселона и Милан, каде што не остави никаква трага.
Фото/ ЕПА