Спорт
Хенес: Крос не може да го спаси германскиот фудбал

Тони Крос (33), како што тврди „Билд“, серизно размислува да се врати во националниот тим. Долгогодишниот член на Реал Мадрид ја напушти репрезентацијата по ЕП 2021 година.
Крос за Германија има одиграно 106 натпревари, постигна 17, тој е член на репрезентацијата која во 2014 година стана светски првак.
Во текот на својата фантастична кариера, Крос освои 20 трофеи со Реал и десет со Баерн, во кариерата му недостига само пехарот наменет за освојувачот на Европското првенство.
Иако е еден од најдобрите играчи за врска во историјата, почесниот претседател на Баерн Ули Хенес смета дека Крос „не може да го спаси германскиот фудбал“.
Откако беа елиминирани во групата со Јапонија, Шпанија и Костарика на Светското првенство во Катар 2022 година, Германците продолжија со слаби резултати.
Во текот на целата 2023 година ги победија само Перу, Франција и Соединетите Американски Држави. Тренерот Ханси Флик доби отказ во септември, Руди Фелер ја предводеше репрезентацијата на еден меч, а потоа ја презеде Јулијан Нагелсман, кој треба да ја води и на ЕП.
Резултатите на германската репрезентација во 2023 година:
Германија – Перу 2:0
Германија – Белгија 2:3
Германија – Украина 3:3
Полска – Германија 1:0
Германија – Колумбија 0:2
Германија – Јапонија 1:4
Германија – Франција 2:1
САД – Германија 1:3
Мексико – Германија 2:2
Германија – Турција 2:3
Австрија – Германија 2:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ВАР ја спаси Франција против Исланд, Португалците славеа во Будимпешта, Австрија победи кај БиХ

Многу возбудувања во квалификациите за Светското првенство 2026. Португалците славеа против Унгарија во Будимпешта во исклучително драматичен натпревар, Французите по пресврт славеа над Исланд во Париз, а Австрија на гостински терен славеше победа над БиХ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби дома од Австрија со 1:2. Един Џеко постигна гол за БиХ, додека Марсел Сабицер и Конрад Лајмер ги постигнаа головите за Австрија.
Ова беше прв пораз на Босна и Херцеговина во овие квалификации по четири победи. БиХ сè уште прва во Групата Х, но Австрија има натпревар помалку. Во истата група, Кипар и Романија одиграа нерешено 2:2.
Тесни победи забележаа Франција и Португалија.
Исланд поведе со 0:1 во Париз, но Французите успеаја да го свертат резултатот со головите на Мбапе и Баркола. По црвениот картон на Чуамени, Исланѓаните постигнаа гол во 89-та минута, но голот беше поништен.
Португалија славеше на гости против Унгарија. Барнабас Варга постигна два гола за домаќините, додека Бернардо Силва, Роналдо од пенал и Жоао Кансело за победа во 86.минута ги постигнаа головите за гостите.
Резултати
Франција – Исланд 2:1
Унгарија – Португалија 2:3
Босна и Херцеговина – Австрија 1:2
Кипар – Романија 2:2
Норвешка – Молдавија 11:1
Албанија – Латвија 1:0
Србија – Англија 0:5
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Норвешка спакува 11 парчиња во мрежата на Молдавија, се изедначи со Македонија на вечната листа

Норвашката репрезентација оствари рекордна победа од 11:1 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Норвежаните продолжија со совршениот настап во првите пет кола и сега имаат 15 бода со гол разлика од +21.
Натпреварот го одбележа феноменалниот Ерлинг Браут Халанд, кој постигна дури пет гола и додаде уште две асистенции, додека Мартин Одегард постигна еден гол со две асистенции. Блескаше и Тело Асгард, кој влезе во игра во 64-та минута и постигна четири гола до крајот на натпреварот. Еден гол постигна и Феликс Хорн Михре.
Интересно и голот за Молдавија го постигна репрезентативец на Норвешка, Лео Остигард си постигна автогол во 71.минута.
Со вечервашниот настап, Норвешка се приближи до европскиот рекорд, кога станува збор за квалификации за Светското првенство. Рекордер е Германија во 1970 година, го победи го победи Кипар со 12:0, а Норвешка се изедначи на второто место со Грција и Македонија.
Најголемите победи во историјата на европските квалификации за Светското првенство:
Германија – Кипар 12:0 (1969)
Норвешка – Молдавија 11:1 (2025)
Лихтенштајн – Македонија 1:11 (1996)
Унгарија – Грција 11:1 (1938)
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Англија ја декласира Србија среде Белград

Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Србија среде Белград со 5:0, во натпревар одигран во К групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Како стојат работите во оваа група на Англија, која има пет победи во исто толку натпревари потребна и е уште една победа за да избори место на Мундијалот наредното лето. Србија со Албанија ќе се бори за втората позција и место во баражот.
Од првата до последната минута натпреварот во Белград беше еднонасочна улица. Србите ниту еднаш не се заканија кон голот на Пикфорд.
Некако се држеа Србите во првите 30 минути, Англичаните ја контролираа топката но не можеа да го пробијат нискиот блок на противникот. Кејн го постигна првиот гол во 32.минута, а кога три минути подоцна гол постигна и Мадуеке, јасно беше дека Англија ќе победи.
Во второто полувреме, голови постигнаа централните дефанзивци Конса и Гуеи. Потоа Србија остана со играч помалку, црвен картон доби Миленковиќ, а точка на натпреварот стави Рашфорд од пенал во 90.минута.
Foto/ EPA