Спорт
Хери Кејн признава: Никогаш полошо со Тотенхем

Хери Кејн признава дека Тотенхем го преживува најтешкиот период досега откако англискиот напаѓач е дел од првите 11 во северен Лондон.
Тотенхем, кој лани стигна до финалето во Лигта на шампионите, имаат само 3 победи во 12 меча во сите натпреварувања оваа сезона, резултати што вклучуваат 2:7 пораз од Баерн Минхен дома, како и елиминација од третолигашот Колчестер во Лига-купот. Тотенхем утре ја пречекува Црвена звезда во обид да остане во игра за пласман во ЛШ и Кејн признава дека моментот е најлош досега.
„Кога ќе ги видите резултатите, јасно е дека не е лесно. Секако, нема фудбалер што не сака да победува. Но, ова е уште еден предизвик кој мораме да го поминеме, предизвик за мене и предизвик за клубот. Не е лесно да се стигне до успех“, вели Кејн.
Англискиот напаѓач има постигнато пет гола во Премиер лигата оваа сезона, но тоа не помогна за добри резултати. Маврицио Почетино признава дека е тешко, но дека полека се враќа самодовербата во тимот.
„Тоа е фудбалот. Не сум изненаден. И кога нè фалевте, ни беше јасно дека се важни само победите. Поради финалето од ЛШ, сега ситуацијата изгледа полоша“, признава Почетино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мундо Депортиво: УЕФА им плати на англиските клубови да ја урнат Суперлигата

Проектот европска Суперлига, доживеа колапс, откако доцна синоќа, англиските клубови (Челси, Тотенхем, Арсена, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити), потврдија дека го напуштаат ова натпреварување.
Англиските клубови, на своите официјални страници, со куси соопштенија, објавија дека ја започнале постапката за повлекување од Суперлигата. Забележливо е дека ниту еден клуб не ја наведува вистинската причина зошто се повлекува. Сите потенцираат дека попуштиле под притисок на навивачите, јавноста и Владата.
„Мундо Депортиво“, ја објави можната причина за повлекувањето на клубовите од Премиерлигата.
„Овие шест клуба и зададоа критичен, но не и конечен удар на Суперлигата. Преостанатите клубови и понатаму стојат зад овој проект, додека англиските клубови попуштија под притисок на навивачите и јавноста. Но тоа не е единствената причина. Според нашите информации, во одлуката да се повлечат клучна е улогата на УЕФА. Не се повлекоа поради заканите од УЕФА, туку поради тоа што УЕФА им понудила многу пари за да ја напуштет Суперлигата. Отсуството на врвните англиски клубови би претставувал голем финансиски удар за УЕФА. Шпанските клубови не добија таква понуда бидејќи нив, а особено Флорентино Перез, УЕФА го посочува како главни непријатели“, пишува „Мундо Депортиво“ и додава.
„Реал и Барселона веруваат дека Суперлигата ќе ги спаси од финансиски колапс. Тие веруваат дека сепак ќе успеат да ги убедат англиските клубови да им се приклучат“.
Спорт
Пол Џорџ го реши трилерот во Портланд

Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забележаа Лос Анџелес Клиперс, Минесота, Њујорк, Бруклин и Атланта.
Дербито помеѓу Поертланд и Клиперси, во драматична завршница им припадна на кошаркарите од Лос Анџелес. Конечниот резултат 113:112 го постави Пол Џорџ на 4,8 секунди до крајот. Крилниот играч ан Клиперси беше прецизен од линијата за слободни фрлања. Џорџ натпреварот го заврши со 33 поени и 11 скокови. На спротивната страна се истакна Си Џеј Мекалум со 28 поени.
Резултати:
Атланта-Орландо 112:96
Њу Орлеанс-Бруклин 129:134
Њујорк-Шарлот 109:97
Сакраменто-Минесота 120:134.
Спорт
Алаба за плата од 22 милиони евра ќе игра за Реал

Давид Алаба од наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Австриецот во „кралскиот клуб“ ќе пристигне без обесштетување. Со Реал ќе потпише петгодишен договор.
Давид Алаба не успеа да се договори со Баерн околу платата, поради што реши да го напушти Минхен. Реал решија да ги исполнат финансиските барања на Австриецот. Алаба ќе стане најпалтениот дефанзивец во светот, со годишна плата од 22 милиони евра.
Алба е поливалентен играч, поради што ќе биде големо засилување за Реа. Тој може да игра како лев бек, централен дефанзивец и во редот за врска.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?