Контакт

Спорт

„Хеви-метал“ фудбалот на Ливерпул пак успешен, патуваат со 2:0 на „Керамика“

Објавено пред

Ливерпул во второто полувреме успеа да го „скрши“ жилавиот отпор на Вилјареал, за да стигне до 2:0 победа во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, за да патува на реваншот на „Керамика“ како голем фаворит за ново европско финале.

dobivaj vesti na viber

Во првото полувреме, тимот на Унаи Емери дојде со јасна тактика на дефанзивна игра на „Енфилд“ дозволувајќи домашниот тим да ја контролира играта, и во првото полувреме беа успешни  ги спречат сите напади, со две одлични обрани на Херардо Рулји и со стативата по одличниот обид на Тијаго Алкантара.

Меѓутоа, само што почна второто полувреме, во 52. минута, обидот за нафрлање на Џордан Хендерсон заврши во ногата на дефанзивецот Первис Еспупињан за да го излаже голманот и „црвените“ да дојдат до водство. Само две минути подоцна, Мохамед Салах одлично го пронајде Садио Мане за удвојување на водството.

Во второто полуфинале од ЛШ, кое се одигра вчера, Манчестер сити и Реал Мадрид во возбудливо гол-шоу одиграаа 4:3 за англискиот клуб.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Новите сопственици на Челси ќе издвојат 200 милиони фунти за засилувања

Објавено пред

Новиот сопственик на Челси, Тод Боли, е подготвен да одвои 200 милиони фунти за засилувањата на тимот ова лето. Премиерлигата вчера го одобри преземањето на Челси од американскиот конзорциум на чело со сопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Тод Боли. Сагата заврши и Роман Абрамович и официјално влезе во историјата на овој клуб, а доаѓа нова ера.

dobivaj vesti na viber

Рускиот олигарх ја промени перцепцијата за фудбалскиот пазар откако го презеде клубот од „Стемфорд Бриџ“ во 2003 година, бидејќи имаше огромни вложувања во тимот со кој освои два трофеи во ЛШ, пет пехари во Премиерлигата и многу други трофеи.

Новата сопственичка структура предводена од Тод Боли подготвува инвестиција од 200 милиони фунти во која влегуваат и пари од продажба на одредени фудбалери. Ова се однесува на Маркос Алонсо, Хаким Зијеч, Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ. Некои од нив дефинитивно си заминуваат од Челси.

Заминувањето на Антонио Рудигер и Андрес Кристенсен јасно ја ставија одбранбената линија како приоритет за реорганизација. Челси веќе има неколку имиња на списокот, од кои прв е стоперот на Севилја, Жул Кунде, дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес, потоа Јошко Гвардиол, и Хозе Хименез.

Тод Боли и неговиот конзорциум издвоија 4,25 милијарди фунти за купување на Челси од Роман Абрамович.

Прикажи повеќе...

Спорт

Елмас доби „шестка“ за сезоната на Наполи

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби „шестка“ како генерална оценка од италијанскиот медиум „Ил Матино“ од Неапол, во анализата за завршената сезона во Серија А. Тој во летото 2019 за 16 милиони евра дојде во Наполи од турскиот клуб Фенербахче и изминатата беше негова најдобра сезона досега во Италија.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездите Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс, Калиду Кулибали беа за нијанса подобро оценети (6,5) од Елиф Елмас.

Елмас даде седум гола и имаше пет асистенции, учествуваше во 46 од можните 47 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, а Серија А постигна три гола и имаше четири асистенции на 37 меча.

Одличен беше во Лига Европа, постигна четири гола и забележа една асистенција на осум натпревари. Сепак, Наполи не успеа во трката за „скудетото“ и оваа сезона не освои трофеј.

Само тројца фудбалери се оценети со натпросечна оценка, Џовани Ди Лоренцо (8,5), Марио Руи (7,5) и Виктор Осимен (7,0).

Прикажи повеќе...

Спорт

Јокиќ и Дончиќ ја предводат најдобрата петорка во НБА-лигата

Објавено пред

НБА лигата ги објави најдобрите три петорки за оваа сезона. Најдобрата петорка очекувано ја предводи МВП играчот на сезоната, Никола Јокиќ, а му се придружи и Лука Дончиќ, кој трета година по ред е избран меѓу петте најдобри во светот.

dobivaj vesti na viber

Заедно со српскиот центар и со словенечкиот волшебник, во првата петорка се и двојниот МВП, Јанис Адетокумпо, ѕвездата на Бостон, Џејсон Тејтум и најдобриот стрелец на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, Девин Букер. За првпат од 1955 година, ниту еден од членовите на првата петорка нема повеќе од 27 години, што е доказ дека НБА лигата влезе во нова ера и дека следната генерација е веќе на сцена.

Во втората петорка покрај Ембид (Филадефија) се и Џа Морант (Мемфис), Стивен Кари (Голден Стејт), Кевин Дурент (Бруклин) и Демар Дерозан (Чикаго).

Леброн Џејмс се најде во третата најдобра петорка и 18. сезона по ред ја заврши како член на еден од овие состави. Заедно со суперѕвездата на ЛА Лејкерс, се и Крис Пол од Феникс, Треј Јанг од Атланта, Паскал Сијакам од Торонто и Карл-Ентони Таунс од Минесота.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште Роб во Тексас, пред масакрот на...

Македонија1 час

„Бегај бе таму, хеј сус“ – Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ1 час

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет2 часа

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет2 часа

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на Третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...

Свет3 часа

(Видео) Ова е напаѓачот кој уби 18 деца – објавена е снимка пред да го започне масакрот

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП...

Свет3 часа

Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД, кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик...

Свет3 часа

Испукани три балистички проектили во Северна Кореја откако Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле истрелани...

Свет3 часа

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде...

Европа15 часа

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ19 часа

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија22 часа

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија23 часа

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...

Македонија1 ден

(Видео) Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна...

Економија1 ден

Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема...

Македонија1 ден

Пендаровски по повод 24 Мај: Сѐ уште има такви кои си земаат за право да имаат ексклузивитет врз заедничките добра

Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи...

Европа1 ден

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

Од Светската здравствена организација осврнувајќи се на проблемот со мајмунски сипаници во неколку земји, наведуваат дека не веруваат дека епидемијата...

Европа1 ден

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски...

Европа1 ден

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и...