Спорт
Хил: Саинц ќе победи и на Сузука

Дејмон Хил, поранешен светски шампион во Формула 1, го прогнозираше исходот на престојната трка за Големата награда на Јапонија во Сузука.
Британецот не го дели мислењето на најголемиот дел од јавноста дека ГН На Јапонија ќе ја освои актуелниот шампион, Макс Ферстапен.
„Мислам дека Карлос Саинц ќе победи, Ферстапен ќе биде втор, а Ландо Норис трет“, изјави Хил.
Саинц никогаш во кариерата нема врзано две победи. Возачот на Ферари славеше на последната трка во Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Прашање на ден е кога Саутемптон ќе го отпушти Јуриќ

Британските медиуми се занимаваат со потенцијалниот отказ на Иван Јуриќ во Саутемптон, а „TalkSport“ тврди дека причината е лошиот однос што го има тренерот со неколку играчи.
Саутемптон со секое коло е се поблиску до Чемпионшип, има само девет бода и е последен на табелата во Премиер лигата.
Иван Јуриќ го презеде клубот откако Расел Мартин доби отказ во декември и потпиша 18-месечен договор.
На десет одиграни натпревари, Саутемптон забележа само една победа со Јуриќ, против Ипсвич, кој исто така дојде од Чемпионшип оваа сезона,
Јуриќ има клаузула во договорот што му дава можност на клубот да го отпушти на крајот од сезоната, а веќе се шпекулира дека би можел да биде заменет со тренерот на Шефилд Венздеј, Дени Рол, кој исто така се споменуваше во декември, но во тоа време Саутемптон имаше проблем со откупната клаузула во договорот на Рол.
Дополнителен проблем за Јуриќ е тоа што не успеа да изгради добри односи со играчи кои или не ја разбираат или не сакаат да ја разберат неговата филозофија, како и заладените односи со неколку неименувани играчи.
Спорт
Во Загреб фрлена бомба на куќата на фудбалски менаџер

Куќата на Енди Бара, хрватски фудбалски менаџер, била цел на напад на непознат сторител.
Според „Јутарњи лист“, околу 00.50 часот непознато лице фрлило експлозивна направа во дворот на домот на поранешениот фудбалер, сега фудбалски менаџер, на улицата Херцеговачка во Загреб.
Нема повредени, но е причинета материјална штета, додаде споменатиот извор. Полициската истрага е во тек.
„Да бидам искрен, ништо не слушнавме. Сите спиевме, дури и децата. Очигледно некој фрлил многу силна петарда, повредено е само кучето. А да беше бомба, како што велат, веројатно половина од куќата ќе беше уништена”, изјави Бара за „Т портал“.
Бара во текот на својата кариера играше во Шпанија, каде што беше во јуниорскиот тим на Валенсија (пред тоа на Динамо), како и во Легија Варшава. Во Полска играше и за Знич од Прушков, каде што Роберт Левандовски ја почна својата кариера.
Сепак, тој дури подоцна се прослави како менаџер на други фудбалери. Меѓу сите негови зделки најмногу се издвојува доведувањето на Дани Олмо во Динамо од младинскиот систем на Барселона.
Спорт
Време е за Мадрилењо во Лигата на шампионите

Првите натпревари од осмина-финалето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а дерби-натпреварот ќе се одигра вечерва помеѓу мадридските клубови Реал и Атлетико.
Реал Мадрид групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на 11. место на табелата со 15 бода поради што мораше да игра бараж за пласман во осмина-финалето. Тимот на Карло Анчелоти го победи Манчестер сити во два меча во баражот за осмина-финалето на Лигата на шампионите (3:2, 3:1).
Атлетико групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на петтото место на табелата со 18 бода и избори директен пласман во осмина-финалето.
Вчера, двајцата тренери одржаа прес-конференции. Карло Анчелоти и Диего Симеоне си поделија комплименти и најавија дека нивна цел е пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Поголеми кадровски проблеми има Карло Анчелоти. Познато е дека сезоната е завршена за Дани Карвахал и за Едер Милитао, а вечерашниот дуел ќе го пропушти Џуд Белингем поради жолти картони и Дани Себаљос поради повреда. Диего Симеоне ќе го составува тимот без повредените Коке и Цесар Аспиликуета.
Интересно, Реал нема победа над Атлетико во последните седум натпревари.
Лига на шампиони, осмина-финале,
Вторник:
Клуб Бриж – Астон Вила 18.45 часот
Борусија Дортмунд 21 часот
ПСВ – Арсенал 21 часот
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 21 часот
Среда::
Феенорд – Интер 18.45 часот
Баерн – Баер Леверкузен 21 часот
Бенфика – Барселона 21 часот
ПСЖ – Ливерпул 21 часот